Иако не е прв избор во кујната, овој ароматичен зачин крие безброј, бенефити за здравјето. Чубриката го подобрува варењето на храната, па затоа нутриционистите препорачуваат да се користи за зачинување на месото или зеленчукот кој поттикнува тегоби во желудникот и подуеност како гравот и леќата. Истата се користи и како билка за подготвување чај со кој луѓето од најстарите времиња го смирувале вознемирениот стомак.
Чубриката е ефикасен природен лек против дијареа која докажано го намалува чувтството на гадење, бидејќи содржи активни компоненти кои спречуваат развој на бактерии во дигестивниот систем. Поновите истражувања покажуваат дека оваа билка успешно го намалува покачениот крвен притисок и го смирува забрзаното чукање на срцето. Добра е да се консумира во сезоната на настинки, бидејќи ја смирува болката во грлото и ја намалува кашлицата.
Малкумина знаат дека чубриката наоѓа голема примена меѓу луѓето со дијабетес, бидејќи билката го намалува чувството на жед што го поттикнува оваа болест.