АКУТНА ДИЈАРЕА – непријател во летните патувања

АКУТНА ДИЈАРЕА – непријател во летните патувања
Летото  вообичаено е период на почести стомачни проблеми, проблеми со варењето на храната , појава на зачестена и рертка столица и дијареа. Неретко уживањето во одбраните дестинации може да биде непријатно нарушено токму заради појава на дијареа и проблеми со стомакот.

Што е дијареа?
Дијареата обично се смета за состојба која се карактеризира со честа дефекација и со  промени на структурата и конзистенцијата на столицата. Дијареата е предизвикана од зголемена секреција на течност во цревата, намалена апсорпција на течност од цревата или брз премин на столицата низ цревата. Генерално при дијареа, столицата е потечна, без разлика дали фреквенцијата на движењата на дебелото црево се зголемени или не. Може да варира од мека до водена. Во основа дијареата е поделена на два вида, акутна и хронична.

  • Акутната дијареа трае од неколку дена до една недела.
  • Хроничната дијареа може да се дефинира на неколку начини, но обично трае повеќе од три недели.

Важно е да се направи разлика помеѓу акутна и хронична дијареа, бидејќи тие обично имаат различни причини, бараат различни дијагностички тестови и различен третман.

Симптомите кои се поврзани со дијареа зависат од причината и видот на дијареата.

Акутна дијареа
Најчесто дијареата е предизвикана од инфекции на гастроинтестиналиот тракт. Микробите кои се одговорни за овие инфекции вклучуваат:

  • бактерии (Салмонела, Кампилобактер, Ешерихија коли)
  • вируси (Цитомегаловирус, вирусен хепатитис, ротавирус).
  • Паразити како Giardia lamblia и cryptosporidium може да предизвикаат дијареа.

Покрај ова постојат и други причини за појава на акутна дијареа:

  • Интолеранција на некој вид храна
  • Труење со храња
  • Интолеранција на лактоза
  • Некоја хируршка интервенција
  • Дијареа при патување
  • Лекови – многу лекови како антибиотиците, можат да предизвикаат дијареа. Антибиотиците ги уништуваат и добрите и лошите бактерии што може да го уништи природниот баланс на бактерии во вашите црева. Други лекови кои најчесто можат да доведат до појава на дијареа се антациди и магнезуим, диуретици, лекови за намалување на нивото на холестерол во крвта, хемотерапевтици, тироидни хормони, антиаритмици, нестероидни антиинфламаторни лекови.
  • Алкохол
  • Секојдневен стрес и нервоза

Најчести причини за акутната дијареа (околу 90%) се вирусни и батериски инфекции и паразити.

Симптоми на дијареа
Дијареата може да варира од блага до многу тешка. Благи симптоми се грчеви и надуеност, придружени со многу мека до течна столица, неколку празнења на цревата во текот на денот.
Потешки симптоми претставуваат мачнина и повраќање кои се појавуваат покрај дијареата, а самата дијареа е изразито течна и трае неколку дена.
Кај тешките и опасни дијареи, покрај останатите симптоми, се појавува и грозница,покачена телесна температура и  во самата столица може да се најде слуз, крв и необработена храна.

Кога треба да му се обратите на вашиот лекар:
Иако вообичаено не е сериозен здравствен проблем, дијареата може да стане опасна или да сигнализира кон нешто посериозно. Лекарска помош е неопходна доколку го имате:

  • Знаци на дехидратација
  • Дијареа повеќе од 2 дена, ако сте возрасен
  • За деца, ако трае повеќе од 24 часа
  • Тешка болка во стомакот или ректумот (за возрасни)
  • Треска од 380 или повисока
  • Столица која содржи крв или гној
  • Столици кои се црни.

Дали може да се превенира дијареата?
Неколку основни работи можат да бидат корисни во насока да се превенира појава на дијареа. Ова вклучува прттпазливост кон внесување на храна ( особено при високи летни температури) и хигиена. Во таа насока при патувања и посети на други земји:

  • Користете само флаширана или прочистена вода за пиење.
  • Ако користите вода од чешма, превријте ја.
  • Бидете сигурни дека варената храна што ја јадете е целосно подготвена и се сервира топла.
  • Избегнувајте масна храна, сосови (особено мајонез), сладоледи и сл
  • Избегнувајте да конзумирате немиено  овошје и зеленчук.

Исхрана при дијареа:
За време на дијареа многу е важно  што јадете и пиете. Дехидратацијата од дијареа може да биде дури и фатална. Затоа многу е битно да останете хидрирани и да пиете и да консумирате храна кoja содржи многу течности, а во исто време нема да ги зголеми симптомите на дијареата туку напротив да ги редуцира.

Каква храна и пијалоци не се препорачани за консумирање за време на дијареа?

  • алкохол
  • млеко
  • кафе
  • сокови и газирани сокови
  • пржена и мaсна храна
  • зелка
  • брокули
  • грав
  • грашок
  • пченка
  • пиперки
  •  некои млечни производи

Што треба да се консумира додека имате дијареа:

  • Додека се опоравувате од дијареа, треба да се јаде едноставна храна што лесно може да се обработи, и ќе помогне да се апсорбира малку вода од столицата:⎫ житарици, како што се овес,
  • пченица или каша од ориз
  • банани
  • јаболка
  • леб или тост
  • варен компир
  • незачинети крекери
  • боровинки

Оваа храна може да биде особено корисна на првиот ден од справувањето со дијареата. Јадењето многу мали оброци во текот на денот може да помогне во зачувувањето на нормалната функција на дигестивниот систем.

Пробиотици
Храната богата со пробиотици, како јогурт и кефир, може да помогне во некои случаи, но во други, пробиотиците може уште повеќе да го иритираат дигестивниот систем. Пробиотиците помагаат во варењето преку подобрување на балансот на добри и лоши бактерии во цревата.