Чинија како сликарско платно

Чинија како сликарско платно

Потребни состојки:

  • 500 г шитаке печурки
  • 5 црвени везени пиперки (може и луто по вкус)
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 китка магдонос, маслиново масло, јаболков оцет, сол и бибер во зрно

Подготовка:

Печурките се бланшираат околу 2 минути во врела вода, во која е додадено малку оцет. Се ладат под млаз вода и се сечат на парчиња. Се додаваат везените пиперки, исто така исечкани, во форма по желба. Се сечкаат лукчето и магдоносот и сè заедно се меша со додавање сол, бибер, масло и оцет. Пред да се консумира, би било добро салатата да отстои петнаесетина минути.

Совет плус: наместо шитаке, можете да употребите друг вид расположлива печурка (лисичарка, вргањ, буковка).