Чоколадни топчиња со таан

Чоколадни топчиња со таан

Потребни состојки:

– 1 шоља урми
– 1/4 од шоља таан
– 1/4 од шоља мед или јаворов сируп
– мала лажичка цимет
– малку сол
– 3 лажици какао
– 1 и 1/2 шоља ситни овесни снегулки


Подготовка

Сите состојки освен снегулките ставете ги во блендер и соединете ги. Овесните снегулки може претходно да ги покиснете во млака вода или во млеко за да омекнат. Кога ќе ги додадете снегулките во смесата со урми, правете топчиња и може да ги валкате во сусам или какао