Состојки:
- 300 гр црвена леќа
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 2 моркова
- малку свеж ѓумбир
- зачини: сол, црн пипер, кари, куркума, вегета
Подготовка
Леќата ставете ја да покисне малку. Кромидот, лукчињата, морковите и ѓумбирот исечете ги на коцки. На малку масло, зеленчукот ставете го да се издинстува. Додадете ги зачините и оставете уште малку да се соединат убаво. На крај додадете ја леќата и во садот додадете 600 мл врела вода. Варете околу 15-20 минути.