Љубовта кон книгата и кон пишаниот збор е дар којшто се пренесува од генерации на генерации. Речиси секое дете ужива во овој благодат. Затоа создавањето навика за читање и за љубов кон книгата е важна задача за секој родител. Што порано – тоа подобро.
Добрата книга го поттикнува интелектуалниот развој, го подобрува говорот и го збогатува речникот. Ги развива детската фантазија и креативното мислење и води кон усвојување повисоки морални вредности и хумани пораки.
Иако живееме во т.н. дигитално време, со пристап до секаков вид содржини и литератури, читањето книга во нејзината примарна форма е уживање за сите сетила.
Кога да се зпочне?
Книгата како верен животен сопатник
Дали ќе го засака читањето или не – зависи од многу фактори. Како и кон сè друго, и љубовта кон книгата треба да се развие. Ако, како родители, на правилен начин ја подотвориме вратата, на детето му отвораме еден магичен свет на знаење, можности и имагинација. Дали и во колкава мера книгата ќе биде животен сопатник – зависи и од тоа во колкава мера и на каков начин како родители ќе му помогнете на детето да ги создаде првите навики за читање.
Избор на вистинска книга
Од изборот на книгата зависи и во колкава мера детето ќе ужива. На малите деца им се потребни книги кои им го привлекуваат вниманието и со коj може да манипулираат. За нив се идеални тврди сликовници, водоотпорни книги, со живи бои, со јасни и крупни фигури. За малку повозрасните (некаде околу втората-третата година), најблиски им се книгите со кратки и лесни раскази кои ќе ја поттикнат нивната фантазија и ќе ги идентификуваат на ниво и самите да станат учесници во некоја од бајките коишто подоцна ќе ги интерпретираат. Дозволете му на детето и прашајте го која книга или сказна сака да му ја читате. Следете го неговиот интерес и, како резултат на тоа, одлучувајте на кој начин ќе ја дополнувате неговата библиотека.
Важно е децата да имаат своја библиотека каде ќе можат и самостојно да контактираат со своите книги и сликовници.
Ритуалот на читање
Најдобро е ако читањето прерасне во задолжителен и многу важен дел од вашиот ден. Одењето в кревет и вечерните часови се чини дека се идеални за читање. Ова е период кога детето има потреба за помирни активности. Во овој период читајте лесни и смирени теми. Читајте полека и дозволете му на детето да ги следи содржините и сликите и да има време да ја разбере и да ја запомни содржината. Читањето не мора да е во точно утврден термин. Бидете на располагање секогаш кога детето ќе пројави желба за читање. Убаво е кога детето само ќе почне да бара да му се чита.
Многу е важно во текот на читањето и вие да се идентификувате со ликовите и со ситуацијата. Драматизирајте ја целата приказна. Доближете му ја на детето. Имитирајте разни гласови и карактери, дури и ако тоа се гласови на животни, возила и сл. Едноставно, уживајте во оваа улога.
Читајте заедно
Во текот на читањето дозволете детето да биде активно. Повторувајте ги речениците заедни и прераскажувајте ги сцените. Преку илустрациите бодрете го да ја продолжи приказната, иако можеби сè уште не знае да чита. Дозволете да креира свој тек на приказната. Со прстот следете го текстот што го читате. Преку сликите учете ги боите, животните и предметите. Некогаш намерно згрешете го текстот или погрешно претставете некоја слика. Очекувајте ја неговата реакција. Ќе забележите дека по некое време ќе ги лови сите ваши грешки и ќе ве коригира. Сето ова е дел од процесот на наведување на детето да учествува и да го доживува читањето со своја глава.
Доследен пример
Најубавиот подарок
Користете ја секоја прилика подарокот да биде во форма на книга. Роденденскиот подарок на другарчињата надополнете го со убава и весела книга којашто заедно ќе ја одберете.