Ковид-19 сѐ уште е тука! Адаптирањето на развојните промени во секојдневниот живот продолжува и за вас и за вашето семејство. Како родители, должни сте да го трасирате патот по кој ќе се адаптираат децата на новото „нормално“, а во тоа ќе успеете ако им бидете добар пример. Децата бараат насоки од возрасните за да знаат како да реагираат на стресни ситуации. Ова е вашата шанса да ги научите на модел по кој ќе ги решаваат проблемите низ животот и да ги научите на емпатија. Искористете ја!
- Останете смирени, слушајте ги и тешете ги
- Бидете пример – Децата ги следат вашите реакции и учат од нив.
- Внимавајте на кој начин зборувате за вирусот – Од вашите дискусии на темата, зависи колку страв ќе акумулираат децата. Редовно потсетувајте ги дека како семејство ќе останете здрави, бидејќи ќе бидете одговорни и ќе ги почитувате мерките.
- Објаснете ја важноста на социјалната дистанца – Вистински предизвик е да ги убедите малите деца да стават маска и да ја носат подолго време, затоа однапред планирајте ги прошетките, избегнувајќи ги прометните локации и термини. На поголемите деца, покажете им ја кривата на раст за да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и префрлете им ја одговорноста, небаре ќе ја почитувате одлуката ако излезат без маска.
- Демонстрирајте длабоко дишење – Тоа е клучно за смирување на нервниот систем, затоа вежбајте заедно.
- Фокусирајте се на позитивните аспекти – Како дружбите во природа и разните уметнички проекти. Поделете ги часовите во денот, дајте им слобода да се дружат одговорно, но поголемиот дел од минутите резервирајте ги за интимна, семејна дружба.
- Изразувајте им љубов во секоја слободна прилика.
- Контролирајте го следењето на медиумите – ТВ, интернет, социјални медиуми – треба да се строго под ваша контрола. Постојаното следење на најновите информации може да го зголеми стравот, затоа проверете дали навистина детето си игра на подот додека вие гледате вести. На поголемите деца објаснете им дека сѐ што циркулира на интернет не значи дека е вистина. Научете ги како да ги препознаат лажните вести. Вие треба да им бидете првиот и веродостоен извор на информации.
Резервирајте време за разговор – (адаптиран според возраста)
- Предучилишна возраст – кратки, едноставни информации околу вирусот и уверување дека возрасните се тука да се погрижат за сѐ. Нудете едноставни примери за заштита: „миеме рачиња, не фаќаме ништо до земја, носиме чиста облека само за по дома“.
- Основно училиште – очекувајте многу прашања од оваа возрасна група, но служете се со вистината и со што помалку детали. Најверојатно ќе им треба асистенција и при одвојувањето на вистината од гласините и фантазиите. Дискутирајте со нив за мерките што ги преземаат надлежните.
- Адолесценти – дискутирајте со нив и упатетете ги на веродостојни извори. Вклучете ги во процесот на донесување одлуки околу домашните и активностите надвор.
За сите деца, поттикнете ги да ги вербализираат своите мисли и емоции. Бидете трпеливи и внимателни слушатели!
Ментално здравје
Побарајте професионална помош доколу забележите значајна промена во однесувањето на детето или некои од симптомите подолу ако траат повеќе од 2 недели.
- Предучилишна возраст– цицање палец, мокрење во кревет, немирен сон, недостиг на апетит, страв од темница, припивање до родителите, регресивно однесување и повлекување во себе.
- Основно училиште– агресивност, нервоза, кошмари, избегнување на обврските, слаба концентрација, социјално дистанцирање.
- Адолесценти– проблеми со спиење и апетит, конфликтност, агитација, деликвентно однесување, слаба концентрација, физички поплаки.