Дијабетична нефропатија – Примариус д-р. Златко Савоски

Дијабетична нефропатија – Примариус д-р. Златко Савоски

Што е дијабетична нефропатија?

Една од најсериозните хронични микроваскуларни компликации на дијабетесот е дијабетична нефропатија. Промените во бубрежната функција кај дијабетесот се карактеризираат со подолг период на клиничка „тивка“ фаза за време на која се случуваат специфични промени во бубрежната структура, каде степенот на оштетување зависи од времетрањето на дијабетесот, контролата на гликемијата и генетските фактори. Откако ќе се развие дијабетична нефропатија, обично се потребни пет до десет години за да се разие хронична бубрежна инсуфициенција, а мерките за забавување на прогресијата на дијабетичната нефропатија се помалку ефикасни од превентивните мерки.

Како настанува оштетување на бубрезите при дијабетес?

Долготрајната озложеност на високи концетрации на шеќер во крвта кај пациенти со дијабетес доведува до хронично и трајно оштетување на бубрежното ткиво и крвните садови. Првичните промени се манифестираат со појава на протеини во урината, а подоцна доаѓа до зголемен крвен притисок, отекување на нозете и телото, како и симптоми на постепено, но прогресивно губење на функцијата на бубрезите, што на крајот доведува до крајна фаза на бубрежна болест.

Кое е значењето на дијабетична нефропатија?

Инциденцата на дијабетес се зголемува многу брзо ширум светот. Во 40-45% од случаите, дијабетесот е главната причина за новооткриената терминална бубрежна инсуфициенција. Раната дијагноза и третман можат да ја спречат прогресијата на оштетувањето на бубрезите кај дијабетичната нефропатија. Дополнително, кај пациентите со дијабетес и хронично оштетување на бубрезите, навремениот и адекватен третман може да ја одложи потребата за дијализа или трансплантација на бубрег. Пациентите со дијабетична нефропатија имаат зголемен ризик од смрт со кардиоваскуларни причини. Раната дијагноза на дијабетична нефропатија, поради сето ова, е од суштинско значење во третманот на пациентите со дијабетис.

Дијабетесот во моментов е најчеста причина за хронично оштетување на бубрезите.

Колкав процент од дијабетичарите ќе развијат дијабетична нефропатија?

Треба да се знае дека постојат 2 главни типа на дијабетес кои се разликуваат во однос на ризикот од развој на дијабетична нефропатија.

Дијабетес тип 1 (инслуин зависен дијабетес мелитус): обично се јавува на помлада возраст и веднаш бара инсулин за лекување и контрола на болеста. Дијабетична нефропатија се јавува кај околу 30-35% од овие пациенти.

Дијабетес тип 2 (дијабетес мелитус кој не е зависен од инсулин): обично се јавува на постара возраст и во повеќето случаи не бара инсулин (барем на почетокот) за лекување и контрола на болеста.

Дијабетична нефропатија се јавува кај околу 10-40% од овие пациенти. Сепак, поради големиот број постари пациенти со овој тип дијабетес, може да се каже дека дијабетес тип 2 е најчеста причина за хронично бубрежно оштетување и се наоѓа кај секој трет пациент со новодијагностицирана бубрежна болест во краен стадиум.

Како се развива дијабетичната нефропатија?

Во раната фаза не постојат симптоми кои би ги дефинирале бубрежните проблеми. Бубрежните проблеми почнуваат за отприлика 5-10 години од почетокот на болеста. Луѓето кои имаат долгогодишна нефропатија имаат симптоми како слабост, повраќање, главоболки, болки во грбот, слаб апетит.

nefropatija

Едно од најчестите заболувања на модерното време со тенденција на дополнително зголемување на зачестеноста.
Во развојот на нефропатија има пет фази и тоа:
  1. Хиперфункција
  2. Нормоалбуминурија
  3. Микроалбуминурија
  4. Манифестна Нефропатија
  5. Уремија
Кои пациенти со дијабетес ќе развијат дијабетична нефропатија?

Сите фактори на ризик за дијабетична нефропатија може да се поделат на: непроменливи – оние на кои не можеме да влијаеме (генетски фактори, возраст, пол) и фактори кои можат да се модифицираат  – оние на кои можеме да влијаеме (хипергликемија, хипертензија, дислипидемија, пушење, хиперпротеинска исхрана). Бдидејќи хипергликемијата е главниот патогенетски факторво развојот на дијабетична нефропатија, неопходна е добра гликемиска контрола со редовно одредување на концетрацијата на гликоза во крвта и вредностите на гликозиран хемоглобин (HbA1c).

Утврдено е дека со намалување на HbA1c за 1% ризикот од микроваскуларни компликации се намалува за 30%. Друга важна мерка за спречување на дијабетична нефропатија е третманот на хипертензија и одржување на крвниот притисок по 130/80 mmHg. Бидејќи липидните нарушувања играат значајна улога во глмеруларното оштетување, неопходно е да се контролира липидниот статус, што вклучува одредување на концентрацијата на следните параметри: холестерол, ХДЛ-холестерол, ЛДЛ-холестерол и триглицериди.

Не е секогаш лесно да се предвиди кој пациент ќе развие дијабетична нефропатија, а кој не. Сепак, најважните фактори на ризик за развој на дијабетична нефропатија се:Дијабетес тип 1 кој започнал пред пациентот да наполни 20 години, Лошо контролира дијабетес со високи вредности на гликолизиран хемоглобин (HbA1c), недоволно добро третирана и контролирана хипертензија, семејна историја на дијабетес и дијабетична нефропатија, изразени промени во очит (дијабетична ретинопатија) и нервите (дијабетична невропатија) како дел од дијабетес, како и присуство на протеини во урината, дебелина, пушење и покачени масти во крвта.

Во светот дијабетесот е причина за терминална инсуфициенција кај секој трет пациент на дијализа.

Дијабетесот претставува здравствен, економски и социјален проблем со пандемски размери. Добрата гликорегулација ги намалува компликациите кои го загрозуваат здравјето на пациентите и ги намалуваат директните и индиректните трошоци на здравствениот систем.

Кои се симптомите и знаците укажуваат на појава на дијабетична нефропатија кај пациент со дијабетес?

Следниве симптоми може да укажуваат на појава на нефропатија кај дијабетичари:

  • Пенеста урина и/или албумин/протеин во урината (ова се забележва во раните фази на болеста).
  • Висок крвен притисок или вошување на постоечката хипертензија.
  • Отекување на глуждовите, стапалата и лицето, намалување на дневната диуреза и/или брзо зголемување на телесната тежина.
  • намалување на дневните потреби за инсулин и други антидијабетични лекови.
  • Честа појава на хипогликемија или добра контрола на дијабетесот со антидијабетични лекови со кои контролата на шеќерот во крвта претходно не била задоволителна.
  • Регулирање на шеќерот во крвта постигнато без антидијабетичните лекови (кои претходно беа неопходни) – пациентите може да бидат задоволни со таква состојба мислејќи дека дијабетесот се лекува.
  • Симптоми на намалена бубрежна функција (нелаходност, замор, губење на апетит, гадење, повраќање, чешање на кожата, бледило, чувство на недостаток на воздух) – се забележуваат во напредната фаза на дијабетична нефропатија.
  • Зголемени концетрации на уреа и креатинин во крвта.
Кога се појавува дијабетична нефропатија кај пациентите со шеќерна болест?

Важно е да се знае дека дијабетичната нефропатија се развива релативно бавно и се јавува многу ретко во текот на првите 10 години од почетокот на дијабетесот. Ако симптомите на оштетување на бубрезите не се појават во првите 25 години, ризикот од развој на дијабетичната нефропатија е помал.

 

Примариус д-р. Златко Савоски
Специјалист по интерна медицина