Со карактеристични мирис и вкус, дињата е идеална освежителна намирница за долгите и топли летни денови. Иако вистинската сезона на дињата е некаде од мај до септември, сепак, во денешно време може да се најде за консумирање во текот на целата година.
Не дебелее, полна е со витамини и освежува!
Во пирамидата на исхраната, дињата е потполно рамноправна со останатото овошје. Поради својата ниска калоричност, може да се сервира во текот на целиот ден. Иако е значително блага на вкус, дињата содржи мало количество шеќер и има многу мала калорична вредност. Содржи претежно вода и богатство од витамини, минерали и важни олигоелементи. Во составот, предничат витамин Ц, А, Б1, Б6, Е, натриум, калиум, железо, целулоза и растителни влакна. Покрај ова, дињата содржи и карактеристични состојки, како органски киселини, етерични масла, сулфур, фосфор, манган, селен и цинк. Според количеството на витамин Ц, дињата не заостанува зад спанаќот, шпарглите и празот.
Љубителите на диња се во право
Покрај магичниот и неповторлив вкус и освежителен ефект, на дињата со право ѝ се припишуваат и низа лековити и здравствени ефекти. Особено корисна може да биде при состојби како:
-
висок крвен притисок
-
воспаленија на жолчни и уринарни патишта
-
акни и алергии
-
анемии
-
главоболки
-
опстипација и проблеми со дигестивниот систем
-
импотенција
-
хемороиди
Во народната медицина се познати многубројни рецептури за лекување и за подбрување на општата здравствена состојба.
-
Поради големата содржина на вода и калиум, се користи и како проверен прочистувач на организмот, а во форма на облоги, подготвени со сок од диња, помага при болки, убоди од инсекти и изгореници.
-
Лицата кои имаат проблем со циркулација, студени раце и нозе, со редовна употреба на сок од свежо исцедена диња можат во голема мера да ги олеснат симптомите.
-
Дињата има и изразени диуретски својства. Покрај месото од дињата, за оваа намена може да се користат и семки од диња. Осоебно е препорачливо за старите лица.
-
Дињата и сокот од дињата штитат и од сончеви изгореници.
Подобра од најдобриот психотерапевт
Подобар дар од природата за таканаречени „растоварливи“ денови во текот на неделата – од дињата нема. Дава чувство на ситост, а покрај тоа, поради големата содржина на фолна киселина, помага при лачењето серотонин – хормонот на среќата и менталната хармонија.
Како да одберете идеална диња?
Идеалната диња треба да има зелено-жолта боја, а на допир треба да е тврда и да има пријатен мирис.
Избегнувајте дињи кои имаат меки делови, темни оштетувања или пукнатини.
При купување, задолжително погледнете ја дршката за да утврдите дали дињата е набрана зрела или зелена. Доколку околу дршката има капки од вода, тоа е сигурен знак дека е набрана зелена. Кај зрелата диња дршката лесно отпаѓа и на нејзино место има видливо вдлабнување.
Совети за чување
Дињата чувајте ја на собна температура два до три дена, а потоа може да се чува уште 5 дена во фрижидер. Исечена, дињата чувајте ја во фрижидер до три дена во затворен сад бидејќи мирисот од дињата може многу лесно да се пренесе на останатата храна.
Препорака
Според правилата за комбинирање на храната, дињата не се согласува ниту со еден друг производ.Таа се јаде сама. Направете задолжително растојание помеѓу другите јадења и дињата. Јадете ја наутро или за ужина, 1,5 до 2 часа по јадење .
За лекување на импотенција
Семките од диња се сушат на сонце или во рерна, а потоа се мелат во мелница за кафе. По една лажица од добиениот прав се зема трипати на ден, секогаш пред јадење. Во текот на терапијата се јадат и по 5 маслинки и по една смоква дневно.
Чај од семки од диња против болести на бубрезите
За да ја олесните диурезата кај заболени бубрези, подгответе чај од семки од диња. Две лажици исушени семки се прелеваат со 500 мл зовриена вода, се покрива и се остава да отстои 3 часа. Се процедува и се пие во текот на денот како чај.
Диња и пршута.
Класична и непогрешлива комбинација прикладна како предјадење на забави или интимни вечери.
Пробајте летно раженче од диња и пршута.
Сосотојки
1 диња (околу 1 кг)
100 г пршута исечкана на ленти
200 г мини моцарели
2 лажици маслиново масло, мелен бибер
Подготовка
Моцарелата премачкајте ја со маслиново масло и посолете ја со бибер. Дињата исечкајте ја на коцки. На дрвени стапчиња нанижете наизменично од моцарелата, пршутата и дињата.
Се сервира ладно, како предјадење или како мал оброк.