Потребни состојки:
· 300 гр урми
· 50 гр сусам
· 45 гр еспандирани житни снегулки
· 3 лажици медотаан
· 2 лажици путер
· 55 гр црна чоколада
· 150 гр кикирики
· ½ кафено лажиче ѓумбир во прав
· прстофат мелено каранфилче
Подготовка:
Ситно исечкајте ги урмите. Сусамот потпечете го да добие златна боја. Медотаанот, путерот и чоколадата топете ги на тивок оган или уште подобро на пареа додека да се соединат. Ситно исечкајте ги и кикириките, можете да користите и апарат за сечкање или згмечете ги со тегла. Во длабок сад сипете ги сувите состојки и убаво измешајте, прелијте ги со растопените состојки, не заборавајте на зачините и мешајте додека да добиете компактна смеса. Смесата распоредете ја во калап или плех и убаво израмнете ја. Почекајте да се стегне па исечете ги плочките.