Потребни состојки:
- 1 помала тиква
- 10 лажици варена леќа
- 1 голема главица црвен кромид
- 10 лажици семки од тиква
- фета сирење или сирење по ваш избор
- зелена салата
- маслиново масло
- оцет балсамико
- сол по вкус
Подготовка:
Излупете ја и исечете ја тиквата на помали коцки и зачинете ги со маслиново масло и сол. Наредете ги на хартија за печење во тава, печете на 200 степени околу 30 мин. Тостирајте ги семките од тиква на тефлонска тава, околу 5мин. на средна температура. Тргнете ја настрана печената тиква да се лади, а во истата тава наредете го кромидот и ставете го да се карамелизира. Исечканата зелена салата распоредете ја во длабок сад и зачинете ја со маслиново масло, оцет балсамико, сол и убаво промешајте. Врз неа наредете ги тиквата, варената леќа, кромидот, семките од тиква и најгоре сирењето.