Состојки:
- 8 мали тортилји
- 400 г исчистена тиква
- 250 г свежи шампињони
- ¼ главица црвена зелка
- 1 помала главица црвен кромид
- 2 чешни лук
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка мелена црвена пиперка
- ½ лажичка мелен ким
- сол и црн пипер по вкус
- неколку гранчиња свеж магдонос
Состојки за сос:
- 150 г грчки јогурт
- 1 чешне лук
- 1 лажица сок од лимон
- малку сол
Подготовка:
Исечете ја тиквата на мали коцки и распоредете ја во плех обложен со хартија за печење, а озгора пропрскајте ја со 1 лажица маслиново масло. Зачинете ја со црвен пипер, ким, сол и црн пипер. Печете ја во загреана рерна на 200 °C околу 25 минути, додека да омекне.
Исечете ги печурките на тенки листови, а кромидот на полумесечинки и пропржете ги на загрено маслиново масло. Пред крај, додајте ситно исечкано чешне лук, малку сол и црн пипер.
Црвената зелка исечете ја на тенки ленти и нежно изгмечете ја со прстофат сол за да омекне. За сосот измешајте ги јогуртот, ситно исечканиот лук, сокот од лимон и малку сол.
Тортилјите загрејте ги кратко во сува тава. Во секоја тортилја ставете печена тиква, печурки со кромид и малку црвена зелка. Прелијте со сосот од јогурт и посипете со свеж магдонос.
