Фармацевтски форми на лекови и нивна правилна употреба

Фармацевтски форми на лекови и нивна правилна употреба

Медицинскитепрепарати илекови кои ги употребуваме превентивно или како терапија кога лекуваме некое заболување,може да се најдат во повеќе облици и форми. Од нивниот облик ќе зависи и начинот на нивната апликација и употреба. Само со правилна употреба се постигнува добар ефект и сите несакани реакции кои може да се појават се сведени на минимум. Затоа,потребно е да се прошири знаењето за правилна употреба на лековите.

Лековите употребени на погрешен начин можеда бидат потенцијално опасни.
Затоа,секогаш е важно да се придржуватена советите добиени од вашиот лекар или фармацевт.

Совети за правилна употреба на лековите во зависност од нивните форми и облици

Течни лековити форми
Кај дечињата и кај одредени возрасни категории, поедноставна примена на лековите е во облик на течност. Тоа се препаратикои имаат побрзо дејство, но истовремено по отворањето имаат пократок рок на траење.
Дозирањето може да биде во капки или во милилитри.Во своето оригинално пакување секогаш содржат дозатор (чашка, лажичка, капалка).

  • 1 голема (супена) лажица содржи 15мл, а мала (чајна) лажица 5мл
  • 1 мл воден раствор содржи 20капки
  • чаша вода сеподразбира околу 150мл

Лекот НИКОГАШ не се пие од шишенцето!

Сирупиантибиотски, витамински, за намалување на болки или телесна температура.Некои сирупи содржат шеќер во својата формулација, па треба да севнимава на нивната примена кај дијабетичари.
Антибиотицитесенестабилни препарати воводен раствор, затоа се произведуваат во облик на гранулат кој вашиот аптекар ќе го подготвиведнаш пред издавање на лекот. Многу е важно лек подготвенна ваков начин добро да се промеша пред секоја употреба.

Капки  може да бидат бистар воден раствор или суспензија која треба добро да се протресе пред да се употреби, а наменети се залокално лекување на очи, уво или нос.

  • Капки за окопред апликација рацете треба да бидат чисти. Главата ја поставувате благо наназад. Со лесно движење го повлекувате долниот капак и гледате нагоре. Шишенцето со капалката годржите во другата рака и полека приближувате до окото. Ставате пропишан број на капки. Не допирајте ја капалката до очниот капак. Ако користите и капки и маст во окото, најпрво ставете од капките,почекајте и по пауза од 5 минути аплицирајте ја маста.
  • Капки за уво  пред апликацијата загрејте го шишенцето со дланките. Проматете ако е суспензија. Наведнете ја главата во положба така што увото во кое капете да биде нагоре. Повлечете го благо увото и капнете го потребниот број капки. Главата држете ја најмалку 2-3 минути во таа положба.
  • Капки за нос – правилен начин на употреба е капнување 1-2 капки во секоја ноздра. Главата ја навалувате благо наназад. Апликацијата на растворот се врши секогаш на испразнет нос. Ако е неоппходна подолготрајна примена на капките за нос, вкучете и физиолошки раствор или раствор на морска сол за влажнење на слузницата.

Ампулии инфузиски растворибистри раствори кои служат за интравенозна или интрамускулнаапликација исклучиво во болнички услови.

Цврсти медицински препарати

  • Таблети –се голтаат цели, со полна чаша вода. Во зависност од видот на лекот,се примаат пред, по или за време на јадење.
  • Таблети за џвакање  треба да се изџвакаат потполно,а потоа да се испие полна чаша вода.
  • Лингвалети тоа се мали таблетки кои се топат под јазик, за на тој начин да се постигне најбрз и најдобар ефект.
  • Ориблети –бавносе топат во устата.
  • Дражеи –тоа се таблети кои се обложени со цел да се маскира горчливиот вкус на лекот. Се пијат одеднаш со полна чаша вода.
  • Капсули –се голтаатисклучиво цели со полна чаша вода.
  • Шумливи таблети (ефервети) –се раствораат во вода и се пијат одеднаш.

Фармацевстки облици за апликација во телесни шуплини

  • Супозитории  –тоа се полуцврсти препарати за ректална употреба. Вообичаено тоа се лекови кои делуваат локално (пр.лекувањена хемороиди)но и за системски заболувања кога другите облици не се апликативни.
  • Ректална маст– се нанесува со апликатор.
  • Вагитории– се употребуваат кај жени, најдобро навечер во легната положба. Рацете треба секогаш да  бидат чисти. Ја вадите вагиналетата од пакувањето и потоа со средниот прст ја потиснувате што подлабоко во вагината и лежите најмалку 30минути.
  • Вагинална маст– се нанесува со апликатор.

Препарати за дермална употреба
Тоа се препарати кои делуваат локално, се нанесуваат на чистаисува кожаво тенок слој.
Дали обликот што се нанесува на кожата ќе биде маст, крема или лосион,ќе зависи од природата на лекот и од состојбата на кожата.

  • Мастинајчесто се применуваат кај хронични заболувања на кожата.
  • Кремиова се препарати кои во својот состав содржат вода, полесно се аплицираат и полесно се чистат од кожата.
  • Пастипотешко се нанесуваат на кожата, затоа што во својот состав имаа големоколичествопрашкаста супстанција и погодни се за сушење на кожата.

На кожата се нанесуваат и препарати во облик на лосиони, суспензии, течни пудри, спрејови и прашоци.

Суспензиите секогаш проматете гипред употреба.
Спрејот за кожа прскајте го на 10-15см оддалеченост од болното место.

Трансдермални фластери
Фластерот се лепи на чиста и сува кожа. Се отстранува заштитната фолија и се лепи фластерот,недопирајќи ја лепливата површина. Притиснете и држете 30 секунди. Со фластерот можете слободно да се бањате и да се туширате. Фластерот останува на кожата залепен онолку долго колку што ви препорачал лекар.

Совет за правилна употреба на инхалатори
Некои видовиинхалатори потребно е да се проматат пред употреба. Се отстранува капакот од пумпицата. Пред примена на лекот,длабоко вдишете и издишете. Врвот на боцата внесето го во отворена уста и прифатете го со усната (не со јазик или со заби). Притиснете го механизмот кој го испушта лекот и постепено вдишете. Задржете го здивот минимум 10 секунди. Доколку е потребно да внесете две дози,постапката повторете ја по 1 минута.

Магистрални лекови
Овие препарати се подготвуваатво аптека врзоснована лекарски рецепт. Се пакува во соодветнаамбалажа и со соодветна налепница (сигнатура) во бела боја ако е за перопрална примена, односно црвена боја ако еза надворешна употреба.

Галенски лекови
Тоа се лекови произведени во галенски лаборатории во мали серии, по проверена рецептура.