Се чини дека се почесто во последниве години се запознаваме со нови или со помалку познати термнинологии кои се однесуваат на концепти на исхрана. Се почесто луѓето од нашето опкружување , колеги, роднини и пријатели се “заразени”со некаква нова , подобра или “поисправна”форма на исхрана. Така термините како вегетаријанство, веганизам, сирова или хроно исхрана се практично веке вдомени во секојдневието.
Еден таков нов тренд на исхрана кој влегува на широка врата и кај нас може да биде водечки кога странува збор за концептите на исхрана оваа 2017е флекситарианизмот.
Што е флекситарианизам?
Овој начин на исхрана во принцип е базиран на концептите на вегатаријанска и веганска исхрана кои се надополнети со конзумирање на сосемама мала количина на месо и тоа во одредени денови или термини. Заради ова трендот уште се нарекува и полувегетаријанство. Концептот подразбира флексибилен начин на отфрлање на месото но без истотoцелосно да биде исклучено. Идејата е да се превземе најдоброто од двата енергетски системи.Наовој начиин организмот ке добие доволна количина на растителни влакна, витамини, минерали и вода содржани во даровите на природата, а од друга гинадополнува потрбните количини на протеинии амино киселини, кои се наоѓаат исклучиво во месото.
Помалку месо а повеќе зеленчук
Најновите истражувања покажуваат дека намалувањето на внесот на месо во организмот има бројни здравствени предности, вклучително и намален ризик од дијабетес, ризик од срцеви заболувања и канцер. Флекситарианизмот оди во прилог на овие тврдења па дава можност ваквиот начин на исхрана да влијае во подобрување на општата здравствена состојба без потполно откажување од месото и месните производи.
Додадена еколошка вредност
Помалку месо во исхраната е и планетарно добро, па се чини дека се поголем број на луѓе свесно го намалуваат конзумирањето на месото.
Заради ова за многумина флекситарианизмот може да биде идеално решение.
Што и како јадат флекситаријанците?
Флекситаријанците, како што се нарекуваат следбениците на овој тренд, воглавно конзумираат храна од растително потекло а месо јадат вообичаено за викенд или други два дена кои најмногу им одговараат.
Три фази на елиминација на месото
Првата фаза предвидува најмалку два целосно вегетаријански дена кога месото е целосно исслкучено и се препорачува само во почетната фаза на транзиција. Оваа транзиција буквално треба да оди чекор по чекор се до моментот кога ке останете рамнодушни на вкусниот стек или скара, па денот без особени проблеми ке го минете без месо. Сепак ова е сосема нормален процес и со текот на времето аромите од месо без проблем ке може да ги смените со вкусни ароми на зеленчук и овошје.
Во втората фаза неделното мени е такво што три или четири дена се исклучиво на вегетаријанска храна.
И третата фаза предвидува пет целосно вегетаријански дена а останатите два дена се конзумира месо по околу 250 грама. Оваа фаза е последна и ја парктикуваат искусни флекситарианци.