Грип или настинка?

Грип или настинка?
Научете да ги разликувате за да си помогнете себеси, но и да ги заштитите оние околу вас!

Се разболевте и што сега? Неопходна е диференцијација на старт: Дали се работи за грип или настинка? Тие делат грст слични симптоми – затнат нос, кивавица, грло што гребе – затоа неопходно е да ги знаете разликите. „Гледајте на нив како на дрвена воз играчка и вистинска локомотива“, вели д-р Brian Currie, специјалист за заразни болести од Њујорк. „Да ве удри тешка воз играчка, можеби ќе ве здоболи малку, но повеќе ќе ве изнервира – тоа е настинка. Да имате грип е исто како да ве прегазил вистински експрес воз – особено ако вообичаените симптоми се проследени со треска и болки во мускулите.“

Ако е грип

Грипот напаѓа силно и брзо. Голема е веројатноста да се чувствувате добро утрото, а попладнето одеднаш да се почувствувате здробено. Престанете со работа – заборавете на она: „само уште еден мејл“, доста им се жалите на колегите, викнете такси и право дома.

Ако можете да се одвлечкате до лекар секако сторете го тоа за да ви препишат антивирусни медикаменти. (Тие нема да го уништат вирусот, но ако ги земете навреме може да го скратите рокот на болеста.) Секако телефонирајте им на домашните, бидејќи инфлуенцата е заразна.

Масичката до креветот обезбедете ја со шамичиња, термометар, маска за очи и полнач за телефонот. Очекувајте дека ќе останете врзани за креветот најмалку 27 часа. Во оваа ситуација, одморот ви е најдобар и единствен пријател. Му дозволува на вашиот имун систем да се фокусира на продукција на антитела наречени цитокини кои ги напаѓаат вирусните клетки. Ако мора да зборувате со луѓето, користете го мобилниот телефон или Скајп.

Сварете си зелен чај. Некои студии покажуваат дека две до три шолји во денот го забрзуваат лекувањето. Избегнувајте млеко: Млечните производи го згуснуваат шлајмот и ја иритираат слузницата – тоа не ви треба во моментот.

Кога зборуваме за пиење, неопходно е да внесете двојно повеќе течности од количината што вообичаено ја внесувате. (Поделете ја телесната тежина на половина; тоа е бројката на литри што треба да ја внесете во денот.) Грипот предизвикува треска која од своја страна ја забрзува дехидрацијата, а тоа може да ја продолжи болеста. Ако можете да пиете електролити уште подобро. Обидете се со кокосова вода.

И покрај изреката „изгладнете ја треската“, внесувањето калории е одлично за да го поттикнете имуниот систем. Ако сте за, подгответе пилешка супа, бидејќи студиите покажуваат дека има антивирусни својства. Можете да земете и аналгетик за да ги намалите главоболките и болките во мускулите. (Не заморувајте се со витамински суплементи, за ниту еден нема доказ дека дејствува врз грипот.)

После три дена, ако и само ако се чувствувате малку закрепнато, можете да си дозволите благо истегнување или кратка прошетка или да сработите нешто од дома. Почнете да консумирате цврста храна – слатки компири и кајгана е нутритивно богат оброк и е нежен за стомакот – сепак стојте подалеку од оброци со додаден шеќер кои можат да го забават вашиот имун систем.

Грипот најчесто трае од 9 до 10 дена. Треба да се вратите на работа исклучиво откако ќе ве напуштат сите симптоми и откако ќе престанете да бидете закана за околината. После тоа, одете полека – на телото му е потребно една до две недели за целосно да закрепне, затоа очекувајте намалена продуктивност и умор.

Ако е настинка

Освен ако работите со екстра чувствителни деца или стари луѓе, настинката и не е причина за да појдете на боледување (за жал!). Ако сѐ друго е во ред, ќе шмркате и кивате цел ден. (Сепак, преиспитајте ги симптомите: Ако се чувствувате премногу уморно заминете си дома.)

Упатете се во најблиската аптека. Настинката предизвикува течење на носот преку ден и затнување навечер, затоа набавете солен раствор во спреј, деконгестив или антихистамин. Стартувајте со еден лек, не пијте еден за главоболка, еден против кашлање, еден против болки во грло, ако само ви тече нос. Прескокнете ги засилените дози на витамин Ц – тој не помага во надминување на настинката.

Додека сте на работа, потрудете се да не ги ширите бактериите наоколу (најзаразни сте кога ви тече носот). Практикувајте строги заштитни мерки: Не кашлајте и не кивајте на дланката, туку во средина на раката кај лакотот, мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди колку можете почесто и пребришете ги предметите што ги споделувате со другите (телефоните, кваките) со средство за дезинфекција на база на алкохол.

На вообичаената количина течности што ја внесувате во денот, додајте уште половина литар. Дополнителната течност ќе ви помогне да ја ослободите, а потоа и да ја исфрлите слузта. Како и кај грипот, зелениот чај е од голема корист, а млекото делува како блокада за синусите.

Првиот ден од настинката заминете дома порано и спијте минимум два часа повеќе од вообичаено. Колку повеќе се одморате, толку полесно ќе му биде на имуниот систем да се справи со настинката.

Ако ја делите постелата со некого, подобро е за нив да преспијат на друг кревет. Поголема е веројатноста навечер да ги раширите бацилите, бидејќи тогаш ретко кој внимава дали кашла или кива со покрена уста.

Одделете се од креветот, не сте којзнае колку болни за постојано да лежите. Појдете во сала за вежбање како и обично – спортувањето настинати е безбедно. Само не заборавајте на соодветното однесување (избришете ги справите и не кашлајте со непокриена уста) и слушајте го телото. Вежбајте со намален интензитет, водете се според истоштеноста што ја чувствувате, сосема е во ред и да го пропуштите тренингот.

Дозволено е да се напиете и чаша вино после работа. Мала количина алкохол нема да ја влоши настинката, но прекумерната доза може да го ослаби имуниот систем што и онака ви е потребен. Што значи само една чаша за ручек или вечера и прибирајте се дома порано.

Во просек настинката не трае подолго од една недела, но тоа не значи дека треба да заборавите на преземените мерки за дезинфекција. Сè уште може да ја пренесете настинката иако повеќе немате ниту еден симптом. Ако продолжите да шмркате и наредните 7 дена, можно е настинката да преминала во синусна инфекција (бидејќи настинката предизвикува воспаление и потекување на носните патишта, кои ги поддржуваат синусите), во тој случај појдете на лекар.