ХЕЛДА

ХЕЛДА

Можеби не може да се пофали со многу витамини, но за разлика од другите житарки, содржи многу повеќе минерали како магнезиум, бакар и манган. Иако хелдата не е житарка, туку семе од овошје. Покрај нејзините антиоксидативни својства, особено е барана поради капацитетот да го модерира нивото на шеќер во крвта, па претставува здрав избор за пациентите со дијабетес тип 2. Како одличен извор на растителни влакна, консумирајте ја при какви било стомачни тегоби или дијареја. Не содржи глутен и затоа е одлична антиалергена намирница за бебињата, но и за болните од целијакија. Особено е добра за повозрасните, бидејќи го штити срцето. Нејзините сварливи протеини се одлична замена за месо.