Хроно мафини

Хроно мафини

Состојки:

3 шолји брашно (различно: спелтино, ‘ржано, елдино, овесно, јачменово)
1 прашок за печиво
3 лажици маслиново масло
сончоглед, лен, семки од тиква, сусам(семки по избор 2 лажици)
(може и чиа, но со печење ги губи благотворните особини. Ако се става чиа се бабри во вода најмалку10 мин.)
сол (хималајска јодирана)
2 шолји кисела вода

Подготовка:
Брашното се меша со прашокот за печиво, се додаваатмаслотои семките, солта, и на крај се додава киселата вода и се меша со лажица. Тестото треба да биде лесно, да се префрла со лажица, но да не биде течно.
Се ставаат во калапчиња за мафини, се посипуваат со семки по избор и се печат.
Различни брашна даваат различна конзистенција( ако се помешани само јачмен и овес,се ронат мафините).
Се печат на 200 степени во загреана рерна 20-40 мин.зависно од какво брашно се правени.
Се проверува во текотна печењето дали се готови со стапче за раженчиња (ако се залепува од смесата треба уште печење).

Кога ќе се извадат, се ставаат во памучна крпа и се оставаат да се изладат ако ги сакаме меки, а ако сакаме да се крцкави, се ставаат на решетка и се оставаат да се ладат