ХРОНО ИСХРАНА – Повеќе од диета

ХРОНО ИСХРАНА – Повеќе од диета

Хроно исхранатане е само диета за постигнување на саканата тежина, туку и  применлив концепт за здрав начин на живот, кој е во согласност со метаболичките процесиво нашиот организам.

Што е потребно за да се започне со хроно режим на исхрана?

Единствен услов за практикување на овој начин на исхрана е вашата желба и добра волја да се разберат принципите, и стекнатото знаење соодветно да се примени.

Кои се предностите?

Предностите на хроно исхраната се тоа што програмата не дава ограничувања на количеството на консумирање на храната и нема броење на калориите.
Она што е особено важно е што со овој начин на исхрана ќе му кажете збогум на таканаречениот „јо-јо“ ефект, односно враќање на загубената телесна тежина.

На што се базира и кои се основните начела на хроно исхраната?

Основните постулати на хроно програмата на исхранa се:

  • Правилен временски распоред на дневните оброци. Многу е важно во текот на денот да се внесат три оброка и тоа од 08.00 до 20.00 часот, со оптимална пауза од 4 часа меѓу оброците. Најважно е преку појадокот да се внесе најголемо количество различни хранливи супстанции.
  • Создавање алкална средина во организмот. Ова е особено важно затоа што закиселувањето предизвикува хронични воспалителни и дегенеративни заболувања (карциноми, инфаркт, шеќерна болест и сл.).
  • Глуциден индекс (ГИ) – брзината со која одредена храна го зголемува нивото на шеќерот во крвта (гликозата), односно примена на таканаречени бавни шеќери, т.е. сложени јаглехидрати во исхраната.

Практична примена на хроно исхраната:

  • Денот се започнува со хербален чај (или млака вода) и цеден лимон. Со ова се создава алкална средина која е основен предуслов за здрав организам;
  • Појадокот започнува половина час по консумирање на утринската напивка;
  • кафе е дозволено максимум двапати во денот и тоа половина час по појадокот и по ручекот;
  • Појадокот e задолжителен оброк кој треба да биде богат со бавни јаглехидрати (цереалии, интегрален леб, житарки и сл.)  и маснотии од животинско потекло (сирење, моцарела, путер, кисело млеко, пршута, јајца и сл.);
  • Забрането е консумирање алкохол и газирани пијалаци кои содржат шеќери или вештачки засладувачи;
  • Не се препорачува комбинирање на протеини и јаглехидрати за ручек и вечера. Ова е дозволено само наутро за појадок;
  • Забранети се сите видови „грицки“ (соленки, чипсови, пуканки, кикирики, апетисани и сл.) меѓу оброците;
  • Ужината којашто е дозволена вон рестриктивниот период, може да биде овошје (свежо или суво) како и одредени дозволени слатки производи и тие се консумираат во период помеѓу 16.00 и 18.00 часот по зимско сметање на времето, или помеѓу 17.00 и 19.00 часот по летно сметање на времето;
  • Кравјо млеко и јогурт не се дозволени;
  • Кисело млеко и тестенини од дозволени брашна се консумираат само за појадок;
  • Не e дозволенo консумирање на маргарин, растителни сирења (освен тофу), растителна павлака, растителен шлаг, пекарски печива, односно намирници кои спаѓаат во групата транс-масти.

Рестриктивна фаза

Хроно исхраната се започнува со таканаречениот рестриктивен период, кој трае најмалку 28 дена или 4 седмици. Периодот на рестрикција е времето кое му е потребно на организмот за да се исчисти од токсините, од белото брашно, белиот шеќер, како и период во кој се учи кои намирници се дозволени и во кој период од денот треба да се консумираат.

Xроно оброци за време на рестриктивен период

 

ПОЈАДОК – најважниот оброк        
Појадокот е најважниотоброк. Овој оброк ги дефинира сите клеточни функции во организмот во текот на денот. Идеалниот појадокби требало да содржи животински масти, малку протеини и повеќе таканаречени бавни шеќери (житарки, интегрален леб, мусли и сл.).Појадокот треба да трае 30 минути и да не биде подоцна од 11.00 часот претпладне.
Утринското кафе е дозволено 30 минути по појадокот.

Пропуштањето на појадокот е најголемата грешка во исхраната. Единствено преку утринското внесување храна се активира процесот на ослободување на складираните масти. 

РУЧЕК – полнење на батерите
Ручекот започнува 4-6 часа по појадокот. За ручек треба да се консумираат протеини од животинско или од растително потекло,комбинирани со разновиден зеленчук, како извор на бавни шеќери и растителни влакна.
Во овој период од денот, започнува секреција на ензими кои ги варат протеините–протеази и ензимот амилаза кој помага при варењето на скробот и гликогенот. Во организмот започнува процес на вградување.
Важно е да се напомене дека за време на ручекот забрането е комбинирање на јаглехидрати со протеини,како и комбинирање на компир со месо.

ВЕЧЕРА – започнува одмор
Навечер започнува период на одмор на организмот. Нивото на кортизол (хормон на будноста)се намалува, а нивото на инсулинот е ниско. Започнува период на регенерација на клетките и создавање нови. Вечерниот оброк треба да биде лесен бидејќи нашиот организам нема можност да се бори со тешка и обилна храна.
Идеална храна за вечера е избор на лесни протеини и зеленчук,исклучиво со зелена и бела боја (марула, зелка, брокули, карфиол, тиквички, пиперки). Скробниот зеленчук(грашок, боранија, компир) не се препорачува. Вечерата започнува 4-6 часа по ручекот.

По вечерата,треба да внимаваме заспивањето да биде по два часа затоа што за време на спиењето се забавуваметаболизмот,а со тоа постои можност внесената храна да остане недигестирана.