И на очите им треба СПФ

И на очите им треба СПФ

Но, што е со очите? Сте помислиле ли некогаш дека и тие се загрозени од штетните ув-зраци? За ризикот да биде уште поголем, тука е сината светлина од телефонот од кој не се одвојуваме ниту на одмор. Статистиките велат дека само 10% од луѓето внимаваат на здравјето и заштитата на очите во летниот период.

Останатите се штитат несвесно, носејќи ги своите скапи очила за сонце со кои сакаат да го покажат својот статус. Целото подрачје (очите и околу очите) е подложно на УВ-зрачење. Офталмолозите потврдуваат се поголем број случаи на изгореници на очи предизвикани од сонце и се повеќе случаи на карцином на и околу очите.

Алармантни податоци

Американското здружение на канцер предвидува 2580 нови случаи на меланом на очите (кај поголемиот дел смртоносен), кои во голем процент се поврзуваат со обемно изложување на сонце. Додека 24 милиони луѓе, од кои 60 % жени, ќе завршат со катаракта која исто така може да биде поттикната од УВ. Но, гледајте на добрата страна: постојат многу работи што можат да се направат за да се заштитат очите и на долг и на краток рок. Вашиот план за заштита на видот започнува со осознавање на ризикот и усовршување на тактиката за блокирање на штетните зраци кои ги повредуваат очите Запознајте го ризикот и научете како да се заштитите од ултравиолетовото зрачење и зрачењето на сината светлина.

Најчести штети од УВ

Иако се толку малечки и не одземаат повеќе од 2-3 сантиметри од површината на лицето, само очите ви овозможуваат да ги видите убавините на овој свет и токму затоа го заслужуваат вашето внимание.

Очите можат да добијат удар под дејство на сонцето во форма на:
Пингвекула

Станува збор за трајна жолта наслага која се појавува на белката на окото и за која нема лек. Луѓето кои поминуваат многу време на отворен простор како градежни работници, на голема височина или на отворено море каде сонцето е појако, имаат поголем ризик да ја добијат оваа безопасна, но естетски непосакувана дамка.

Снежно слепило (фотокератитис)

Надворешната обвивка на очите акумулира до 99 % од ултравиолетовите зраци, па доколку не ја заштитите кога сте под јако сонце, таа може да изгори за помалку од еден час. Во прв момент веројатно нема да се почувствувате ништо, со неколку часа подоцна ќе се соочите со барем еден од следниве симптоми: иритација, чувство на сувост, интензивно црвенило, оток, болка, дури и моментално слепило. Во поблаг случај, окото само по себе ќе се исчисти и регенерира, но доколку симптомите траат повеќе од 24 часа, појдете на лекар.

Катаракта

Сонцето не е единствениот причинител за заматување на очната леќа, но дефинитвно може да ја забрза појавата на оваа болест. Постојаното изложување на УВ може да направи голема разлика во видот, особено во 60-тите години од животот кога очите сами по себе пропаѓаат.

Дегенерација на макулата

Долгото изложување на сонце може да предизвика оштетување на мрежницата, повреда со која стартува оваа болест. Бидете внимателни, може да доведе и до слепило.

Крацином

Премногу сонце не само што може да предизвика меланом на очите, туку и околу очите. Всушност 10 % од сите типови рак на кожа се појавуваат на очниот капак. Не заборавајте да ги заштитите очите пред да биде предоцна, бидејќи овој вид рак може да се пробие длабоко во очната шуплина и да стигне се до мозокот.

Телото, лицето, скалпот, стапалата, па дури и ушите се изложени на ризик од изгореници во летниот период. Крема со заштитен фактор, чадор, капа и уживањето на плажа може да помине во најдобар ред.

Мерки за заштита

Ризикот од штети од УВ вртоглаво паѓа доколку ги следите правилата за заштита!

Очила за сонце

Носете ги и на дожд и на сонце! Одберете модел на кој пишува УВ 400 или 100 % УВ блокада од УВА и УВБ. НЕ заморувајте се со оние модели кои промовираат заштита од УВЦ, бидејќи атмосферата ги апсорбира Ц-зраците пред да може да се инфилтрираат во очите. Во заблуда сте ако мислите дека колку е потемно стаклото, толку сте позаштитени. Секој модел е прифатлив доколку има филтер за заштита. Поларизираните стакла имаат филтер лус кој го намалува отсјајот, но тоа не е нешто пресудно. Не прескокнувајте ги сенките само затоа што носите леќи со заштита од УВ, тие сепак штитат само мал дел од вашето око.

Не заборавајте да носите капа

Само капа со раб од 7 сантиметри може да помогне во блокирање на штетните УВ-зраци во областа околу очите.

Внимавајте на часовникот

Сончевите зраци се најинтензивни во периодот од 10 часот наутро до 16 часот напладне, без разлика дали сте во град (зраците се одбиваат од бетонот) или на плажа (морето и песокот прават силна рефлексија).

Проверете ги лекарствата што ги пиете

Некои видови антибиотици или пилули за контрацепција може да ја зголемат чувствителноста на очите изложени на сонце, поттикнувајќи да горат многу побрзо и на пониско ниво на изложување. Доколку примате ваков вид лекарства, разговарајте со вашиот лекар дали и како влијаат на здравјето на очите. Бидете дополнително посветени во однос на горенаведените три правила за да бидете безбедни,

Суперхрана за видот
Нагостете ги очите со следните состојки: ЛУТЕИН И ЗЕАКСАНТИН.

Овие каротеноиди помагаат во филтрирањето на УВ-зраците, дејствуваат против оштетувањето од сонцето и ве чуваат далеку од катаракта и макуларна дегенерација. Овие магични состојки можете да ги најдете во само половина порција спанаќ или кељ дневно, а достапни се и во пченката, броколата, грашокот и зелената салата. Боровинките и вишните се силни антиоксиданти кои нудат природна заштита од слободните радикали кои ги емитуваат УВ-зраците. Овие овошки ги подобруваат циркулацијата и визуелната јаснина на очите.