Интегрален француски тарт

Интегрален француски тарт

Потребни состојки за тесто:

  • 180 г интегрално брашно
  • ½ лажичка сол
  • 125 г путер
  • 1 големо јајце

Состојки за фил:

  • 200 г сланина сечкана на коцки
  • 150 г кашкавал
  • ½ кромид
  • 15 г путер
  • 4 големи јајца
  • 300 г павлака
  • 125 мл млеко
  • малку сол и бибер

Подготовка:

Измешајте го брашното со малку сол, а потоа додајте го путерот и мешајте за да добиете фина смеса без грутки. Потоа, додајте го јајцето за да се поврзат состојките и ставете ја смесата во ладилник да одмори околу 30 мин. Во подмачан сад за тарт, распоредете го тестото и оставете го да се пече 10 до 15 мин. на 180 степени. Исечкајте го кромидот на големи кругови и пржете го на путер 5 до 8 мин. додека омекне. Потоа, пропржете ја сланината околу 3 мин. Во посебен сад изматете ги јајцата, павлаката и млекото. Додајте го ренданиот кашкавал и посолете со сол и црн пипер. Во претходно печеното тесто наредете ги кромидот и сланината, а озгора сипете ги јајцата и вратете ги во рерна да се допечат 25 мин. на температура од 180 степени. Штом тартот добие убава златна боја, извадете го од рерна.