ИНТЕГРАЛНИ ЃЕВРЕЦИ

ИНТЕГРАЛНИ ЃЕВРЕЦИ

Потребни состојки:
250 г интегрално брашно
200 г бело брашно
1 ќесичка сув квасец
150 мл топла вода
50 мл сончогледово масло
½ лажичка сол
прстофат шеќер
50 г сусам

За декорација:
Мед и топла вода
200 г микс од сусам, ким и ленено семе

Подготовка:
Растопете го квасецот во топла вода, додадете ги состојките и мешајте додека е возможно, па почнете да месите. Тестото не треба да втасува, туку веднаш поделете го на 10 топчиња од кои ќе формирате ѓевреци. Растворете го медот во топла вода со која ќе го премачкате секое ѓеврече, а одозгора наросете ги со миксот семиња. Печете ги ѓевреците во плех, обложен со хартија, на 200 степени додека да поруменат.