Сè почести се препораките дека треба да се храниме разновидно и здраво. Но, што всушност значи РАЗНОВИДНО? Во буквален превод значи внесување на производи кои,освен по различното потекло и квалитет,ќе бидат и со различни бои. Секоја боја содржана во природните намирници си носи свои специфични, здравствени бенефити за организмот.
Несомнено е дека храната е лек, секојдневно достапенво разни форми, состав и боја. Затоа, примарно е да ја консумираме рационално и балансирано во сите нејзини природни облици.Тоа можеме да го направиме со едноставно, секојдневно консумирање на што е можно повеќе сезонска, свежа храна со прекрасни, разновидни бои, како замена за индустриски преработена и вештачки обоена храна.
Зошто се важни боите на храната?
Секоја боја на свежата храна потекнува од одредена група супстанции наречени пигменти. Овие пигменти немаат само улога да ја бојат храната или нејзини делови, туку тие се и главен извор на хранливи материи што учествуваат во превенција и лекување на различни состојби и заболувања, како и извор на антиоксиданси што го јакнат имунолошкиот систем и го спречуваат процесот на стареење. Некои од овие пигменти ги штитат крвните садови, го намалуваат нивото на холестерол и се значајни во спречување на кардиоваскуларни заболувања. Други,пак, имаат благотворно дејство на остеопорозата, шеќерната болест, болестите на очите, гастроинтестиналните и малигните заболувања.
Секојдневно „шаренило“на мени!
Природната боја на храната веднаш ни кажува какви хранливи материи и антиоксиданси таа храна содржи. Постојат 6 главни групи обоена храна, кои што задолжително треба да ги вклучите во неделното мени, секогаш кога ќе имате можност за тоа. Зошто и кои се тие?
Црвената, портокаловата и жолтата храна носат многу енергија и делуваат стимулативно!
Зелената, сината и виолетовата имаат смирувачки ефект!
БЕЛА
Белата боја е синоним за чистота. Во бела корисна храна ги набројуваме: кромидот, лукот, карфиолот, празот, печурките. Тие го снабдуваат организмот со флавоноиди, бета-глукан, фолати, витамини К и Ц. „Белите намирници“ го зголемуваат имунитетот и се значајни за намалување на ризикот од разни карциноми (дебело црево, простата и дојки). Освен тоа, ги балансираат хормоните. Антиоксидансите во нив се борат со стареењето и со оксидативните процеси на стареење во телото. Белата боја кај храната носи придобивки за кардиоваскуларниот систем и го намалува холестеролот.
ЖОЛТА
Жолтата боја е боја на радост и интелигенција, таа ги храни мозокот и нервниот систем, стимулирајќи ги менталните активности и меморијата. Од жолтата храна значајно место имаат бананата, дињата, лимонот, дуњата, пченката и путерот. Во ваквата храна,генерално,се содржат огромни количества манган, магнезиум, калиум, каротеноиди, бифлавоноиди и витамини А, Ц и Б. Жолтите намирници го подобруваат варењето, ги намалуваат мускулните грчеви, го подобруваат видот, ги прават кожата и коските поздрави. Корисни се за имунолошкиот систем, срцето и за забите.
ЦРВЕНА
Црвената боја дава енергија, виталност, брзина. Црвената храна изобилува со избор и штета е да не се најде на секојдневното мени, особено во летниот период. Тука спаѓаат: домат, пиперка, јагода, јаболка, вишна, цреша, цвекло, калинка, лубеница, грејпфрут, месо и многу други. Овие намирници најмногу содржат ликопен кој што е исклучителен детоксикатор, бифлавоноиди, витамин А, витамин Ц и манган. Здравствените придобивки се гледаат во намалување на ризикот од развој на малигнитет на простатата и дојката, контролирање на крвниот притисок и на нивото на холестерол, подобрување на имунитетот и одржување витален крвоток. Корисни се уште и против разни воспаленија на ткивата.
Најновите истражувања покажуваат дека процесот на стареење, предизвикан од дејството на слободните радикали, успешно се прекинува благодарение на биофлавоноидните пигменти од црвените намирници“.
ЗЕЛЕНА
Зелената боја се наоѓа во средина на спектарот на бои и претставува рамнотежа и хармонија. Зелената храна е,исто така,доста распространета, особено како зеленолистен зеленчук кој што е исклучителен извор на целулоза и кој што го алкализира човековото тело. Тука спаѓаат: спанаќ, блитва, брокула, грашок, зелени салати, боранија, тиквичка, авокадо, киви. Тие го снабдуваат организмот со здрави материи како лутеин, хлорофил, калциум, железо, фолна киселина, калиум, витамин А и Б. Зелената храна е особено корисна за репродуктивното здравје. Воедно, делува позитивно на нормализирање на крвниот притисок, кисело-базната рамнотежа во крвотокот и го подобрува видот. Имунолошкиот систем има дополнителна потреба од зелена храна со цел негово одржување и поттикнување.
ПОРТОКАЛОВА
Луѓето кои консумираат портокалова храна имаат добар апетит и добро варење. Храна со оваа боја е морковот, кајсијата, слаткиот компир, тиквата, праската, портокалот, мандарината, мангото, жолчката. Оваа боја потекнува,главно,од бета-криптоксантин, бета-каротен и зеаксантин (каротеноиди). Каротеноидите,заедно со присутните флавоноиди, делуваат како моќни антиоксиданси коиштоштитат од бројни штетни фактори. Во оваа храна се содржат уште и омега-3 масни киселини, ликопен, калиум и витамини Б и Ц. Портокаловата храна го подобрува имунитетот, ги штити кожата и слузницата, ја намалува киселоста на организмот, го намалува холестеролот, го нормализира крвниот притисок и придонесува за поздрави зглобови.
ВИОЛЕТОВА
Виолетовата боја лади и смирува, а храната со оваа боја е препорачлива за добар сон. Боровинка, слива, грозје, црвена зелка, модар патлиџан, капина и некои риби спаѓаат во групата намирници со виолетова боја. Заедничко за овие продуктие дека се многу богати со антиоксиданси, лутеин, антоцијани, елагинска киселина и витамин Ц. Виолетоватахрана е корисна за кожата и е моќна за превенција и третман на малигнитети. Го намалува воспалението, го подобрува варењето, го намалува холестеролот, го зајакнува имунитетот и придонесува за поздрав кардиоваскуларен систем.
ЈАДЕТЕ ЗДРАВО И РАЗНОВИДНО – ЈАДЕТЕ ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО!
Секојдневно уживајте во боите на храната преку омилените и сезонски намирници, а особено „обојте го утрото“ со виножитен појадок или смути. Започнете го денот со многу енергија и здравје.
Колоритот од бои е особено важен за стимулација на децата и за будење на интересот за здрава и разновидна храна.
Палетата од разни бои во храната, што ќе му ја понудите на вашето дете, несомнено ќе побуди интерес и „зголемен“ апетит.