Доколку постои овошје со неодолив изглед, пријатен мирис и заносен вкус, a воедно здраво и лековито, тогаш тоа сигурно е јагодата. Спаѓа во фамилијатан на рози(Rosaceae) и предстваува чудесна билка која избилува со специфичности. Имено јагодата е единственото овошје чии семки се надвор и не се скриени во плодот и има многу врсти, при што може да се сретнат и јагоди во жолта боја.
Лековит дел: Покрај плодовите, за лечење може да се користат, коренот и листовите од јагодата. Содржи голема кочичина на витамин Ц, витамин А, влакна, железо и фолна киселина која е покрај другото, неопходна кај трудниците или жените кои планираат да раѓаат.
Лековити својства: Лековити својства на јагодата се познати уште од антички времиња. Чај од листовите на јагодата со столетија се користи против опстипација(запек), воспаление во грлото, грип и настинка. Јагодата може да помогне при опоравување по болест, зајакнување на имунитетот, кај болни од жолтица, како превенција од желудочни заболувања, кај артиритис и реума, камен во бубрег и покачен холестерол во крвта. Исто така јагодата може да се користи и како средство за нега на кожа, што се должи на витаминот Ц и витаминот А кои ја одржуваат кожата нежна и оптегната. Се препорачува еднаш употреба на маска за лицед приготвена од јагоди исечкани на кругови или во форма на каша. Потоа измијте го лицето прво со млака, па со ладна вода.
Начини на користење:
Чај:Земете две полни лажици суви листови од јагода и прелијте ги со 250 мЛ врела вода. По 15 минути процедете го чајот и пијте го три пати на ден по една шоља по јадење. Чајот може да го употребувате и за гаргара.
За чистење на организмот: Доколку сакате да го прочистие организмот, се препорачува навечер да се почастите со порција јагоди(без шеќер или шлаг) и утрото ќе се пробудите свежи, одморени и полни со енергија.
Против болки: Јагодата содржи природни салицилати и затоа има анелгетски својства, па доколку ве боли глава изедете една здела со свежи јагоди. Исто така таа има и антипиретски и антибактериски својства и може да се користи за ублажување на воспалителните процеси, за симнување на температурата и против мускулни болки. Претставува одлично средство против изгореници.
Целулит: Благодарение на Витаминот А и витаминот Ц, јагодите помагаат во борбата со целулитот. Овие витамини имаат антиоксидативни својства кој го забавуаат стареењето но и губењето на елестачноста на ткивата, а воедно ги уништуваат штетните радикали. Редовното конзумирање на јагоди ја забрзува циркулацијата и помага во борбата против целулитот.
Дебелина: Доколку имате проблеми со вишокот на килограми, јагодата е одличен оброк бидејќи содржи малку калории, а го забрзува метаболизмот и го намалува аптетитот.