Јапонското јаболко содржи цело богатство од хранливи материи како витамините А, Б, Ц, јод и железо. Го зајакнува имунитетот и го штити организмот од разни инфекции, а тоа го прави идеално зимско овошје. Особено им се препорачува на луѓето со анемија или со срцеви заболувања. Бидејќи содржи мал процент на овошни киселини, пријатно е и за стомакот.