Вкусна, сочна и со карактеристични мирис и вкус. Неодолива и за најпребирливите. Со малку калории, вода и со многу корисни материи. Богата е со бета-каротен, растителни влакна, Б-комплекс витамини, етерични масла, витамин Ц, протеини, скроб и со други значајни биокомпоненти. Позитивно делува на целиот организам, а свое место има и во превенција, па и во лекување на повеќе здравствени нарушувања. Корисна е кај болести на срцето и на крвните садови, анемија, проблеми со кожата, со коските и со зглобовите. Добра е за зголемување на имунитетот, за хроничен замор и за депресија. Корисни во исхраната и за здравјето се и семките од кајсија.
Кајсија
