Како до побрз метаболизам?

Како до побрз метаболизам?

метаболизам

Ако сте биле на диета подолго време, метаболизмот драстично ќе забави. Голема е веројатноста да успеете да согорувате само 30 калории дневно. Ако вашата диета е базирана на пребројување на калориите, имајте на ум дека мускулите ќе треба напорно да работат за да си согорат. Но, колку ќе можат?

Се препорачуваат вежби со тегови бидејќи тие го забрзуваат метаболизмот на долгорочен план. Најмногу енергија (+25%) телото троши кога ртеба да согори протеини. Теоретски гледано, оброк кој содржи многу протеини повеќе го забрзува метаболизмот отколку оброк кој содржи јаглехидрати. Ова значи дека пред тренингот за секој килограм од вашата идеална тежина треба да обезбедите 1,5 грама протеини. Па ако вашата идеална тежина е 50 килограми, вам ви требаат 75 грама протеини.

Совети за побрз метаболизам

1. Кардио

Краток, интензивен тренинг. Спринт сесии на трева или патека. Загрејте се, па истрчајте 5 х 15 метри спринт потпирајќи се на 75% од снагата. По секој спринт пешачете назад до стартот и веднаш започнете со нов. Одморете 3 минути, па повторете.

2. Ладен туш

Капете се со млака вода, на моменти пуштете и поладна. Тоа ја подобрува циркулацијата, преку чие стимулирање ќе влијаете позитивно на брзината на метаболизмот.

3. Посни протеини

Една холандска студија покажала дека луѓето чиј оброк е составен од 30% протеини успеваат да го активираат метаболизмот и во текот на спиењето.

4. вежбање со товар

Истражувањата покажуваат дека вежбањето со товар може да го забрза основниот метаболизам за 15% во текот на 12 недели.