Калинката е едно од овошјата што маѓепсува со својот изглед. Преубава креација на природата, со тркалезна форма исо внатрешност богата со голем број црвени семки исполнети со сок. Тајните на ова необичноовошје се познати уште одантичко време,кога се употребувала како природен лек, и претставува едно од најстарите овошја кое се користело за лековити цели. Денес, модерната наука само го потврдува она што одамна им било познато на старите народи.
Поради богатството на семе и лековитите својства, старите народиуште ја сметале и за симбол на раѓањето, плодноста и вечниот живот.
Зборот „калинка“, преведен од латински значи јаболко полно со семки. Постојат три вида калинка: многу кисели и два вида благи калинки кои се јадат.
Се одгледува речиси во сите краеви од светот. Кај нас, успева во јужните делови од државата, но, за жал, недоволно е присутна на нашите трпези.
Нутритивни факти
Калинката се вбројува во т.н.видови суперхрана. Плодот е богат со сите витамини, а особено совитамин А, Ц, Е и Б5 како и минерали,калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриуми железо. Сто милилитри сок од калинка задоволува 16% од дневните потреби за витамин Ц.
Плодот во својот состав содржи и висок процент на растителни влакна. Бројни истражувања покажуваат дека содржи повеќе антиоксиданти и од црвеното вино, сокот од грозје и зелениот чај.
Здравствени вредности
За лековити цели, освен плодот, се употребуваат и кората, лушпата и цветот. Добро е да знаеме дека при купување на калинката треба да се избира плод со убава трказелна форма, тешка и со големина на портокал. Ваквиот плод има поголема содржина на сок. Се употребува за подобрување на апетитот и ја регулира работата на желудникот, а е одлична и против скорбут (недостаток на витамин Ц). Поради богатството со железо, сокот од калинка е одличен при состојби на анемии кога на организмот му е потребно надополнување со овој важен елемент. Калинката ги ублажува тегобите во климаксот. Содржи материи кои се слични на естрогените и затоа влијаат на хормоните.
Се користи како овошје против стареење и им помага на младите жени со хормонални проблеми. Ако редовно се јаде, ќе придонесе да имаме цврсти нокти и убава коса, а и душевното нерасположение ќе исчезне, тврдат научниците. Поновите студии покажуваат дека билните хормони на калинката го намалуваат ризикот од појава на рак на простатата.
Исто така, добра е за работата на срцето, го намалува систолниот крвен притисок, и има моќ во намалувањето на вкупниот холестерол. Се употребува и како средство против цревни паразити. Сокот од калинка може да биде од голема помош за лицата со проблеми со потенција. Редовната употреба на една чаша сок од калинка може значително да ја подобри еректилната функција. Во лепезата на бројни заболувања, потврдено е дека употребата на сок од калинка го забавува развојот на Алцхајмеровата болест. Со ова, науката практично само го потврдува она што древните народи го знаеле – дека калинката е навистина чудотворно овошје.
Со редовнаконсумација накалиника илинасок од калинка ќе делуваме и превентивно:
– кај појава на инфекции и настинки,
– за забавување на процесот на артериосклероза и остеоартритис,
– кај појава на болести на срцето и крвните садови,
– за забавување на растот на ракот на простатата.
Совет за чување
Калинката може да се чува еден месец на ладно и суво место, или два месецa во ладилник, а додека, пак,свежиот сок се консумира веднаш.