Карфиол на есенски начин

Карфиол на есенски начин

Состојки 

Главица (средна големина) карфиол

сол, вода, малку млеко за кратко бланширање

200 г сечкано димено свинско месо

100 г гауда

магдонос и лук по вкус

бешамел сос

50 г путер

1 лажица брашно

250 мл млеко

100 мл јогурт

бибер, зачин, морско оревче

Подготовка:
Карфиолот го кинеме на цветови. Го ставаме во вода во која има додадено малку сол и малку млеко. Го бланшираме многу кратко, 1-2 минути. Процедуваме. Дименото месо го пропржуваме во тава за да ја пушти својата арома. Го подготвуваме бешамел сосот со тоа што на растопениот путер го ставаме брашното малку да се запржи, но не и да потемни, па ги додаваме млекото, јогуртот и зачините. Вариме до згуснување.

Садот за печење тенко го премачкуваме со масло. Ги редиме цветовите карфиол.

На нив го расфрламе сечканиот магдонос и коцкичките димено месо. Сето го прелеваме со бешамел сос и редиме гауда. Го печеме во рерна околу 30 минути на 200 степени. Сервираме додека е топло.