Потребни состојки
- главица карфиол
- 2 моркови
- 2 пиперки
- 4 чешниња лук
- 1 главица кромид
- 4 лажици лимонов сок
- 8 лажици маслиново масло
- 1 лажичка сусам
- ким, малку шеќер, сол и бибер
Одвојте цветчиња карфиол, обарете ги во посолена вода, додадете го морковот сецкан на крукчиња и варете уште 10-тина минути. Ситно исецкајте го лукот и кромдоти измешајте ги со сокот од лимон, ким, бибер, малку шекер и маслиновото масло. Карфиолот и морковот процедете ги и кратко ставете под млаз на ладна вода и додека е млако прелијте со подготвениот прелив. Кон смесата додадете ја исецканата пиперка и промешајте.
Доколку сте љубител на луто додадете толчена пиперка или лут црвен пипер.