КИНОА (QUINOA)

КИНОА (QUINOA)

Богатството од храна кое го нуди природата е нешто што постојано не изненадува.  Истражувајќи низ историјата и гледајќи ги концептите и намирниците кои ги конзумирале нашите предци можеме да се изненадиме за тоа како и колку здраво се хранеле древните народи. Еднаод таквите намирници која била препознаена и користена во редовната исхрана е киноата.

Во семејството на супер храна

Киноата представува супер храна и се почесто си го наоѓа своето место во модерната кујна. Поради корисните состојки и активните компоненти кои ги содржи киноата е растение кое има позитивен ефект врз здравјето и се препорачува на сите оние кои водатили се ориентирани кон  здрав начин на живот.

Киноата се смета за една од најздравите намирницина светот

За киноата се знае уште од пред 4000 години.Позната е и како  “златно зрно”, “божевтсвено зрно” или “мајка на житата”.
Киноата е семе, но често се класифицира како житарка, поради начинот на кој што се приготвува кој е ист како кај житарките, како и поради сите доблести што ги содржи без да предизвика проблеми во варењето.
Во 2013 година од страна на Обединетите нации е прогласена Меѓународна година на киноа, при што е доделено особено признание на населението од Андите., Население кое ја одржувало, контролирало, штитело и ја зачувало киноата како храна на сегашните и идните генерации.

Нутритивни компоненти

Споредена со житарките, киноата содржи двојноповеќе растителни влакна, двојноповеќе протеини од оризот и од било кое зрно. Не содржи холестерол, богатае со  есенцијални амино киселини и може да се користи како замена за месото, што е значително важноза вегетаријанците.
Богата е со минерали кои се неопходни за човековиот организама содржи  и  витамин Б6, манган, бакар, магнезиум, фосфор, железо… и антиоксиданси.

За што е корисна:

Докажано е дека има  низок гликемичен индекс поради ниската содржина на  јагленохидратите кои бавно се ресорбираат и не предизвикуваат брзо покачување на шеќерот.Заради оваможе да се употребува како здрав начин за одржување на нивото на шеќерот во крвта.

Нутриционистите сметаат дека, според хранливите особиникои ги поседува  може дури да се споредува и со мајчиното млеко.

 Покрај ова киноата нуди голем број другуи придобивки

  • Го намалува крвниот притисок и помага при спречување на срцеви заболувања
  • Ја регулира столицата и го забрзува метаболизмот
  • Помага при губење и одржување на телесната тежина
  • Помага во намалување на честотата на мигренозните напади
  • Ја зголемува енергијата
  • Го чисти организмот од токсини

Начин на  подготовка

Киноата е лесна за подготовка и подеднакво лесна за варење во стомакот.

Подготовка:

Киноата нараснува во процесот на готвење, па имајте на ум дека од 1 шолја сирова киноа ќе добиете околу 3 шолји приготвена киноа.
Пред да започнете со варење на киноата, се препорачува да ја измиете во цедилка и притоа да ја триете со дланките. Пробајте неколку зрна и ако има горчлив вкус, продолжете со миење.
Киноата се вари во вода. За варење на една шолја киноа се доволни две шолји вода. Најдобро е прво да ја зовриете водата, а потоа да ја додадете киноата. Варете на ниска температура 15-20 минути.

Киноата може да се доаде во секаков вид на салати, може да се искористи во супите (наместо фиде), во разни десерти а , може да се послужи како гарнир со месо или риба,
Од киноата можат да се испржат вкусни ќофтиња.