КИВАНО

КИВАНО

Овој интересен плод со потекло од Африка, обединува неколку вкусови, како банана, киви, диња, лимон. Зад неговиот бодликав изглед се крие цела една ризница од витамини – Ц, А, Б6 и минерали – магнезиум, железо, цинк, калциум, калиум, фосфор. Неговиот состав се базира на вода и многу малку калории, јаглеродни хидрати и масти. Речиси 16% од калориите доаѓаат од протеините (кивано од 209 г содржи 3.7 г протеини) што е релативно многу во однос на други плодови. Поради високото присуство на антиоксиданти, киваното е одличен сојузник во борбата против хронични заболувања како дијабетес, срцеви заболувања и одредени типови рак. Семките на плодот, кои се јадат, го снабдуваат телото со витамин Е, кој заедно со витаминот А, Ц и лутеинот, го прават киваното одлична антивоспалителна бомба. Киваното задоволува околу 13% од дневната потреба за железо кое во комбинација со витаминот Ц, промовираат соодветна продукција на хемоглобин во црвените крвни зрнца и на тој начин обезбедуваат транспорт на кислород меѓу клетките.