Кога симптомите укажуваат на недостиг на витамини и минерали?

Кога симптомите укажуваат на недостиг на витамини и минерали?

Се разбудивте уморни, нерасположени, немате доволно концентрација да ги завршите обврските на работа, а за оние дома немате волја? Не грижете се, ништо сериозно не се случува со вас, едноставно имате витамински или минерален дефицит.

И покрај трудот да обезбедите здраво мени во текот на работната недела, истражувачите потврдуваат дека бројката на луѓе кои страдаат од недостаток на клучни витамини и минерали е во пораст. Што значи се залажувате дека се храните здраво, до тој термин има уште многу неизлупени лимони и портокали што чекаат да бидат изедени.

Современиот седечки начин на живот и храната осиромашена со хранливи материи (обвинете го загадувањето на воздухот и почвата) наметнуваат потреба од суплементарна поддршка дури и за оние кои имаат време постојано да си приготвуваат свеж и здрав оброк.

Пиењето витамини и минерали во облик на суплемент е прашање за кое не ни треба да дискутираме, затоа ајде да се фокусираме на тоа како да станеме редовни во пиењето на пропишаните дози. Дали ќе станете подисциплинирани ако ви кажеме дека ако ја пиете пропишаната доза цинк ќе ги преболувате настинките 40 % побрзо? Се надеваме дека да, а во меѓувреме научете да ги препознавате недостатоците преку симптомите што честопати ги занемарувате.

УМОР

Имате недостаток на: Железо

Други симптоми: Намалена концентрација, апетит, блед тен, темни подочници.

Препорачлива дневна доза: 14.8 милиграми за жени и 8.7 милиграми за мажи.

Неопходен е за: Формирање на црвените крвни зрнца. Железото е компонента на хемоглобинот, кој врши транспорт на кислородот во телото.

Кому му е потребен: Дефицитот на железо во крвта е вообичаена појава кај нас, особено кај жените под влијание на менструалното крвавење. Но, задолжително им се препорачува на оние кои редовно пијат аспирин.

Природни извори: Црвено месо, јајца, зелен листовиден зеленчук.

*Железото најдобро се апсорбира во комбинација со витамин Ц, затоа пијте го со сок од портокал или готов суплемент.

РАЗДРАЗНЕТА КОЖА

Имате недостаток на: Цинк

Други симптоми: Бели дамки на ноктите, јадеж, бавно заздравување на раните.

Препорачлива дневна доза: 7 милиграми за жени и 9.5 милиграми за мажи.

Кому му е потребен: Светската Здравствена Организација проценила дека една третина од светското население има дефицит од цинк. Најчести пациенти се тинејџери, бремени жени и средовечни луѓе. Вегетаријанците исто така треба да внимаваат, бидејќи житарките содржат фитична киселина што ја блокира апсорпцијата на цинк.

Природни извори: Ореви, бадеми, лешници, морска храна најмногу во сардина и рак, црвено месо.

*Дневната доза цинк можете да ја задоволите само со една изедена морска школка или со парче говедско месо од 200 грама.

ВОСПАЛЕНИЕ НА ЈАЗИКОТ

Имате недостаток на: Витамин Б12

Други симптоми: Сувост во устата и пукање на кожата околу усните па дури и на носот.

Препорачлива дневна доза: 1.1 милиграм за жени и 1.3 милиграми за мажи.

Неопходен е за: Одржување на здравјето на кожата, очите и нервниот систем.

Кому му е потребен: 1 од 10 возрасни луѓе има ниска застапеност на витаминот Б12.

Природни извори: Млеко, јајца, житарки.

*Голема чаша полумасно млеко (околу 300 милилитри) задоволува половина од потребната доза на витаминот Б12 исто како и 150 грама стек.

БОЛКИ ВО НОЗЕТЕ И ГРБОТ

Имате недостаток на: Витамин Д

Други симптоми: Болки во колковите, кревки и кршливи коски.

Препорачлива дневна доза: 10 микрограми (0.01 милиграми) за жени и мажи.

Неопходен е за: Раст и развој на коските и апсорпција на калциумот. Го подобрува имунитетот.

Кому му е потребен: На сите, особено на постари жени и мали деца. Неодамнешните студии покажаа дека повеќе од половина од возрасната популација има недостиг на витамин Д.

Природни извори: Најдостапен и најевтин извор е сонцето.

*20-30 минути изложување на лицето и рамената на сонце, три пати во неделата, е доволно за да се направи депо во организмот што ќе ви служи за во зима.

ЧЕСТИ ИНФЕКЦИИ

Имате недостаток на: Селен

Други симптоми: Честа борба со настинки.

Препорачлива дневна доза: 60 микрограми за жени и 75 микрограми за мажи.

Неопходен е за: Го подобрува имунитетот, ги штети клетките од оштетување и може да помогне во борбата со рак: студија од 42.000 луѓе во Европа ги почувствувале неговите ефекти врз ризикот од рак. Студијата на италијанскиот универзитет Padua, потврди дека храната сиромашна со селен го влошува квалитетот на спермата.

Кому му е потребен: Секој од нас треба да го подобри консумирањето на селенот.

Природни извори: Вашата дневна доза се наоѓа во 7 бразилски ореви.

ПСИХИЧКА РАСТРОЕНОСТ

Имате недостаток на: Магнезиум

Други симптоми: Нервоза, страв, неспокој.

Дневна препорачлива доза: 270 милиграми за жени и 300 милиграми за мажи.

Неопходен е за: Храната што ја консумирате ја претвора во енергија и ја осигурува функцијата на пара-тироидните жлезди во вратот, кои продуцираат хормони важни за здравјето на коските. Есенцијален за одржување на здравјето на коските и забите – кај нив завршува 60 % од целиот магнезиум присутен во организмот. Учествува во трансмисијата на нервните импулси, контракцијата на мускулите и регулацијата на телесната температура.

Кому му е потребен: На жените, особено на постарите и оние кои сѐ уште немаат менструација, со цел да ги одржат коските здрави.