Кога убавината доаѓа однатре

Кога убавината доаѓа однатре

Подолги, појаки прамни коса преку протеини

Колку што се добри за мускулните влакна, толку се добри и за влакната на главата – протеините се одлични хранливи материи за фоликулите.

Како да ги користите за да ги почувствувате бенефитите сè до скалпот?

Преку исхраната
Овие микрохранливи состојки и аминокиселините како градежни блокови во структурата на клетките, се важни за правилен и здрав раст на косата и за формирање кератин ‒ главната структурална компонента на косата. Консумирањето протеини од животинско потекло е најдобриот начин да ја внесете неопходната дневната доза зацврстувачки аминокиселини. Но, ако сте веган или вегетаријанец, постојат алтернативи кои ќе ви овозможат оптимална количина. Што се однесува до квантитетот, експертите во областа велат дека треба да се придружувате до 30 грама протеини трипати во денот за оптимално здравје на влакното на косата. Ако ви се потребни знаци што ќе ви покажат дека вашиот дневен внес на протеини е незадоволителен, побарајте симптоми како недостаток на сјај, мекост, сувост и опаѓање на косата при голем протеински дефицит.
Директно на косата
Бланширање, осветлување, обликување на косата со уреди кои работат на топлина, агресори од околината како што се УВ-зраците, ветерот, сувиот воздух, загадувањето – сите овие фактори ја слабеат косата и ја отстрануваат нејзината природна влажност така што ги раскинуваат аминокиселинските синџири кои го обликуваат кератинот во секој прамен. Кога тие синџири ќе се оштетат, доаѓа до кршење на косата, испукани врвови и грубост на влакното. Производите на база на протеини може да ги обноват аминокиселинските синџири и да ја заробат природната влажност на косата. Спротивно на досегашните тврдења и размислувања, редовната употреба на овие формули нема да предизвика појава на првут. Секој протеин што косата нема да го апсорбира, ќе се отстрани при плакнењето на косата, затоа бидете темелни. Сепак, интензивните третмани може да ја оштетат косата, па затоа ограничете ја употребата на еднаш до двапати неделно.
Што точно треба да внесувате?

  • Јајцата се одличен извор на протеин и биотин, две компоненти кои во најголем дел се составени од протеини.
  • Протеините можете да ги внесувате и преку зрната (како соја) или јаткастите плодови (како бадемите, оревите, лешниците).
  • Рибата е одличен извор на масни киселини кои ја задржуваат и подобруваат густината на косата.
  • Мешунките се одличен извор на протеин, железо, цинк и биотин, кои поттикнуваат раст на косата.

Б витамини во служба на убавината

4 причини зошто да почнете да ги пиете уште денес
Комплексот Б витамини разубавува однатре. Недостатокот на витамини од Б групата ја прави кожата сува и склона на акни, тенот безживотен, брчките изразени, а нештата одат дотаму што косата почнува да пука, а ноктите стануваат кршливи. Слободните радикали (молекули кои ги напаѓаат здравите клетки во организмот) придонесуваат за создавање мноштво болести, но се и водечка причина за предвремено страеење. Комплексот Б витамини делува како своевиден штит кој ја чува целокупната убавина од разорното дејство на овие непријатели на младиот и свеж изглед.
Витаминот Б претставува храна за косата и за фоликулите. Недостатокот на витамини Б1, Б2, Б3 и Б5 може да резултира со тенки и испукани влакна, а со време и да поттикне опаѓање на косата. Недостатокот на витамин Б9 го забавува растот на влакното, додека витаминот Б7 е неопходен за одржување на цврста текстура на косата.
Малкумина се свесни дека проблемите со кожата, вклучувајќи ги црвенилото на кожата и безживотноста, најчесто се недостаток на витамин Б. Конкретно, витаминот Б12 ја регулира пигментацијата на кожата и спречува појава на флеки. Витаминот Б5 ги третира акните со кои мака мачат жените и после пубертет. Најчесто се комбинира со витамин Ц, каде преку контрола на нивото на триглицериди и холестерол во крвта се одржува здравјето на кожата.
Убавината на ноктите зависи од балансираната, богата исхрана. Само тогаш тие ќе растат здрави и цврсти. Витаминот Б12 помага при апсорпција на железо ‒ есенцијалниот минерал без кој ноктите стануваат тенки, пукаат и се листаат.

Пробиотици – нов херој за кожа

Придобивките од пробиотиците не застануваат само на цревата, по ново добри се и за кожата која денес е под постојан удар на стрес и загадување. Кога бактериската рамнотежа во цревата е нарушена, поголема е веројатноста да дојде до низа воспалителни состојби, а зголемувањето на воспалението во телото е поврзано со поголема инциденца на кожни заболувања. Бактериската нерамнотежа во цревата може да влијае на микробиомот на кожата. На пример, прекумерниот раст на бактерии во тенкото црево е поврзан со розацеа и акни.
Разновидниот и здрав цревен микробиом не само што поттикнува подобра апсорпција на хранливи материи, туку е поврзан со целокупното здравје на кожата. Специфичните соеви во цревата можат да таргетираат различни механизми во кожата, а додатоците на база на пробиотик може да го искористат ова сознание за конкретно да ги таргетираат проблемите на кожата.