Кокосот е едно од највредните овошја на светот, кога станува збор за неговиот состав, нутритивните компоненти и формите на неговата употреба. Може да се консумира свеж, сушен, како кокосова вода, млеко, масло… Особено маслото е компонента која има голема нутритивна вредност и широка примена во медицински, козметички или во кулинарски цели. Најновите истражувања го потврдуваат неговото благотворно дејство врз заштитата на срцето и крвните садови, зајакнувањето на имунитетот, забрзувањето на метаболизмот и поттикнувањето слабеење. Значително влијае и на изгледот на кожата, косата и ноктите, природно ги храни и ги негува, помага во забрзано заздравување, со што им овозможува здравје, сјај и виталност.Нема несакани дејства и затоа е исклучително погодна намирница за употреба во целото семејство.
Состав
Кокосовото масло се добива од сушениот меснат дел од кокосовиот орев. Околу 92% од кокосовото масло го сочинуваат заситени масни киселини, 6% монозаситени и 2% полизаситени. Основна состојка е лауринската киселина за која единствен друг извор е мајчиното млеко, а познато е дека мајчиното млеко го гради имунолошкиот состав на новороденчето, па станува јасно за каква намирница се работи. Друга состојка на кокосовото масло е каприлната киселина која поттикнува развој на „добри бактерии“, посебно млечна киселина. Предноста на кокосовото масло пред останатите масла е тоа што масните киселини кои ги има во својот состав не се таложат во организмот, туку директно преоѓаат во црниот дроб каде се претвораат во енергија.
Лековити својства
Оваа вредна намирница помага во намалувањето на холестеролот, а ја подобрува и апсорпцијата на витамини и минерали во организмот. Редовното користење на кокосовото масло придонесува за одржување на здравјето на цревата, намалување на телесна тежина и нормализирање на метаболизмот. Спроведени се многу истражувања за кокосовото масло при што е потврдено дека освен антивирусното и антибактериското дејство, кокосовото масло има и антиканцерогено дејство. Поради енергијата која се добива од кокосовото масло, телото подолго задржува чувство на ситост и затоа е одличен избор за оние кои се борат со вишокот килограми.
Кокосовото масло се користи и може да помогне во состојби на:
- Кожни болести и рани
- Артритис и ревматизам
- Убоди од инсекти
- Заболувања на непцата
- Цревни паразити
- Проблеми со дигестивниот систем
- Вирусни и бактериски инфекции
- Габични инфекции
- Дијабетес
- Намален имунитет
- Хроничен замор
- Мигрена
- Депресија
- Намалена концентрација и помнење
- Паркинсонова болест
- Алцхајмерова болест
- Нега на кожа и коса
Препорачаното дневно внесување е од две до четири лажици ладно цедено кокосово масло. Може да се земе директно со лажичка или, за полесно пиење, можете да го додадете во салата или во сок.
Идеално и за надворешна употреба
Освен за здравјето на внатрешните органи, кокосовото масло се користи и за масажа и за нега на кожата и на косата. При масажа на екстремитетите и зглобовите, кокосовото масло има антиинфламаторно дејство. Тоа помага кај гихт, артритис, ревматизам, болка во зглобовите и отоци. Ја храни кожата, ја прави поцврста и еластична, спречува формирање на брчки и првут. Кокосовото масло го стимулира растот на фоликулите, ја храни и ја регенерира косата. Поради ова, маслото често се користи во третмани за нега на коса.
Кокосовото масло може да биде идеална замена за десетина производи за нега и убавина и секојдневно може да се употребува за:
- Нега на усната празнина
- Масажа
- Бричење и депилација
- Грижа за скалпот и косата
- Како крема за хидратација
- Убоди од инсекти
- Пилинг на телото
- Отстранување шминка
- Грижа за нокти
- Помош при исип од пелени, изгореници
Во кулинарството
Кокосовото масло во кујната може да ви послужи за:
• пржење, готвење и друга подготовка на храна
• додаток во кафе, топло чоколадо или какао
• подготовка на солени и слатки колачи, палачинки, леб и печива
• подготовка на вкусни и здрави овошни и зеленчукови сокови и мармалади
Купување и примена
Најдобро е да се користи кокосовото масло во сурова форма, бидејќи на тој начин ќе добиете најголема корист од неговите лековити состојки. Сепак, поради неговата исклучителна отпорност на високи температури, кокосовото масло може да се користи за печење или за пржење храна – за разлика од другите масла кои на високи температури драстично може да ги променат своите карактеристики и да станат канцерогени.
На пониска температурата, кокосовото масло е во цврста состојба и тоа се нарекува кокосова маст, а на околу 23 степени станува течност.
Кога купувате, побарајте ладно цедено кокосово масло, кое ги има сите горенаведени вредности. Избегнувајте рафинирано масло, кое е значително поевтино, но, исто така, е лишено од придобивките од овие вредни јадења.