Колач со јаболка и суво овошје

Колач со јаболка и суво овошје

Состојки

  • 4 јајца
  • 300 г јаболкa (крупно рендани)
  • 220 г шеќер (кафеав)
  • 250 гбрашно
  • 200 г путер
  • 50 г ореви
  • 50 г бадеми или лешници
  • 50 г суво грозје
  • 1 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за печиво

Подготовка

Јајцата убаво изматете ги. Путерот стопен и оладен додадете го во садот со јајцата и продолжете со матење. Додадете ги шеќерот, брашното, содата, печивото и циметот. На крај, ставете ги ренданите јаболкaи сувото грозје. Смесата ставете ја на хартија за печење и печете на 180 степени 45-60 минути.