Колач од тиква

Колач од тиква

Состојки:

– 70 г путер
– 80 г шеќер
– 3 јајца
– 150 г брашно
– 50 г брашно од костен
– 1 лажичка сода бикарбона
– 1 лажичка цимет
– сок од 1/2 портокал
– 150 г рендана тиква
– 150 г мешани ореви, бадеми, лешници ситно сечкани
– по желба суво грозје, брусница

Подготовка:
Со миксер измешајте ги убаво путерот и шеќерот. Додадете ги јајцата, сокот од портокал, па потоа полека ставете го брашното и содата. Смесата треба да биде хомогена. На крај додадете ги јатките, сувото овошје по желба и тиквата. Ставете во сад за печење и печете на 160 степени околу 45 минути. На крај кога ќе се излади можете да посипете со шеќер во прав.