Потребни состојки за тесто:
– 150 гр сирови ореви
– 100 гр урми
– 3 супени лажици кокосово брашно
Потребни состојки за фил:
– 200 гр печена или варена тиква
– 15 мл јаворов сируп
– 15 гр кафеав шеќер
– 1 кафена лажичка цимет
– 1 кафена лажичка ванилин шеќер
– 1 супена лажица кокосово масло
– вода по потреба
Подготовка:Состојките за тесто се блендираат се до добивање на хомогена смеса.
Се става на подлога и се обликува во форма по избор. Состојките за филот исто така се
блендираат и со добиената смеса се филува претходно подготвеното тесто.
Одозгора се оросува со кокосово брашно. Се чува во фрижидер и се служи ладно.