КОЛАЧ СО УРМИ

КОЛАЧ СО УРМИ

Состојки:

  • 1/2 чаша вода
  • 1 шолјa жолт шеќер
  • 600г урми исечени на половина
  • 1/2 шолја брашно
  • 1/4 од лажичка сода бикарбона
  • 1/2 шолја ситни овесни снегулки
  • 1 шолја растопен путер
  • сечкани ореви или бадем

Подготовка:

1. Во еден сад ставете вода да зоврие. Додадете 1 шолја шеќер, и по некое време додадете ги урмите и мешајте 6-8 минути, сèдодека урмите не станат меки.

2. Во сад измешајте го брашното со содата. Додадете ги овесните снегулки и остатокот од шеќерот и добро измешајте. Растопениот путер ставете го во смесата со брашно и мешајте сèдодека смесата не стане како песок. Во намрсен сад за печење ставете на дното три четвртини од смесата. Ставете ги одозгора урмите и покријте ги со остатокот од смесата. Одозгора наросете со бадеми или ореви. Печете на 180 степени околу 30 минути. Оставете да се олади и потоа исечете го колачот на коцки.