Колку долго е заразна настинката?

Колку долго е заразна настинката?

Иако се чувствувате срозани, бидете трпеливи и одолејте им на антибиотиците за да го сочувате имунитетот. Преживеавме уште една агресивна сезона на настинки и грип. Но, нештата до толку се измешаа што во еден момент никому не му беше јасно дали коронавирусот одново си поигрува со нашето здравје или инфлуенцата одлучи да се разбуди од зимски сон.

Уште помалку е јасно кога сме заразни, колку сме заразни, колку брзо можеме да се вратиме на работа и да излеземе во јавност и дали воопшто треба да носиме маски? Оваа статија ќе ве едуцира како се одвива преносот на нанстинките за да бидете подготвени за оние што ве чекаат напролет, но одговорноста за вашето здравје и здравјето на другите отсега целосно е во ваши раце.

Што точно претставува настинката?

Обичната настинка е прилично честа појава – возрасните во просек имаат две до три настинки годишно. Настинката е вирусна инфекција на горните дишни патишта која може да биде предизвикана од повеќе од 200 различни вируси. Со оглед на тоа што настинките се вирусни, единствениот начин за лекување е да се одморите многу, да останете хидрирани и да јадете храна што го поддржува имунолошкиот систем. Запомнете, антибиотиците не ја третираат настинката!

Во текот на настинката може да развиете болки во грлото, течење на носот, постназално капнување, блага кашлица, кивање, слабост, губење на апетит, болки во телото и неправилно мирисање или дегустација на храната. Сега ајде да навлеземе во спецификите за тоа како се шират настинките и колку долго треба да се држите подалеку од пријателите и семејството за да ги заштитите и обратно – да се заштитите себеси.

Период на инкубација на настинка

Не е потребно многу време за да почнете да се чувствувате болни откако ќе бидете изложени на вирус на настинка. Најчестите настинки имаат период на инкубација – времето по изложувањето и пред да се појават симптомите – од еден до три дена. Технички, вие сте заразени во овој момент, дури и ако не се чувствувате како да сте болни. Вирусот на настинка може да се шири овој период, пред лицето воопшто да знае дека е болно. Какви било симптоми на настинка – конгестија, течење на носот, болки во грлото, треска и кашлица – се показател дека можеби сте заразни.

Како точно се шири настинката?

Настинките се шират од човек на човек, преку мали капки во воздухот кога лицето кое го има вирусот кива или кашла. Може да се пренесе и со допирање на лицето, бришење на носот или кашлање во раце. Настинката може да се пренесе и преку близок контакт, особено додека зборувате. Кога зборувате, мукозата и плунката од задниот дел на грлото може да се исфрлат во воздухот.

Најсигурен начин да го спречите ширењето на настинката е да избегнувате контакт со други и често да ги миете рацете (треба да ги миете рацете со сапун и вода 20 секунди) бидејќи водата ги „влече“ вирусните честички од кожата. И, се разбира, носењето маски е исто така многу ефикасен начин за намалување на ризикот од ширење или заразување со настинка.

Колку долго треба да стоите настрана од болните?

Ако навистина не сакате да се разболите, неопходно е да избегнувате каков било контакт со болниот и тоа до последен ден. Настинатиот може да биде заразен додека има симптоми или севкупно од една до две недели. По оздравувањето или повлекувањето на симптомите, најдобро е да се почека најмалку 72 часа пред одново да ја стартувате комуникацијата. Ако пројавите какви било симптоми на настинка најдобро е да останете дома и да се одморите. Така ќе ги заштитите луѓето во вашата околина, но и ќе се поштедите себеси од потенцијално влошување на состојбата и развој на нови симптоми.

Постојат голем број лекови без рецепт за лекување на симптомите на настинка, но доколку имате други медицински состојби или земате лекови на рецепт, задолжително консултирајте се со вашиот лекар пред да купите лек за настинка. Домашните рецепти се подеднакво добар сојузник во борбата со настинките. Топли хербални напивки, свежо овошје, супи, топла купка и масажа се одлична поткрепа и утеха во деновите кога сте настинати.