Колку физички активни треба да бидат постарите лица?

Колку физички активни треба да бидат постарите лица?

Се пензиониравте?

Тогаш треба да знаете дека редовната физичка активност е една најважните работи што можете да ги направите за вашето здравје.
Само преку физичка активност можете да ги одложите здравствените проблеми кои доаѓаат со возраста. Од друга страна, ќе ги одржите коските и мускулите активни за да можете да продолжите да ги правите секојдневните активности без да бидете зависни од другите.
Имајте на ум, каква било физичка активност (дури и бавна прошетка) е подобра од никаква. Колку сте повеќе физички активни толку повеќе здравствени придобивки ќе стекнете.

Но, она што најчесто ги мачи постарите луѓе е колку всушност треба да бидат физички активни?

Препораката за здравите возрасни луѓе на возраст од 65 години и постари, гласи:

  • Најмалку 150 минути неделно (на пример, 30 минути дневно, 5 дена во неделата) активност со умерен интензитет како што е брзо одење.
  • Или 75 минути неделно активности со енергичен интензитет како што се планинарење, џогирање или трчање.
  • Најмалку 2 дена во неделата активности кои ги зајакнуваат мускулите.
  • Плус активности за подобрување на рамнотежата, како стоење на една нога.
    Ако хроничните состојби влијаат на вашата способност да ги исполните овие препораки, бидете физички активни колку што дозволуваат вашите способности и услови.
Вашиот неделен план

Еве неколку начини како да ги исполните препораките за физичка активност

Пример 1

Пример 2

Пример 3

Аеробна активност со умерен интензитет

150 минути брзо одење (на пример, 30 минути на ден, 5 дена во неделата)

И

Активности за зајакнување на мускулите

2 или повеќе дена во неделата, вежби при кои се активираат сите главни мускулни групи (нозе, колкови, грб, стомак, гради, рамења и раце).

Плус

Баланс активности

Одење пета-прсти или стоење од седечка положба.

Аеробна активност со енегричен интензитет

75 минути џогирање или трчање) (1 час и 15 минути) секоја недела

И

Активности за зајакнување на мускулите

2 или повеќе дена во неделата, вежби при кои се активираат сите главни мускулни групи (нозе, колкови, грб, стомак, гради, рамења и раце).

Плус

Баланс активности

Одење пета-прсти или стоење од седечка положба.

Комбинација на аеробна активност со умерен и енергичен интензитет

2 или повеќе денови во неделата

И

Активности за зајакнување на мускулите

2 или повеќе дена во неделата, вежби при кои се активираат сите главни мускулни групи (нозе, колкови, грб, стомак, гради, рамења и раце).

Плус

Баланс активности

Одење пета-прсти или стоење од седечка положба.

Преку спорт до помалку падови на стари години

Енергија, сила, помал ризик од болести, пофункционален мозок (истражувањата покажуваат дека редовната физичка активност го намалува ризикот од Алцхајмер и деменција за 50 %) се само дел од придобивките што ги уживаат активните возрасни луѓе.

Но, малкумина знаат дека физичката активност го намалува и ризикот од паѓање и фрактури. Статистиките покажуваат дека на секои 11 секунди, еден постар возрасен човек завршува во собата за итни случаи поради повреда поврзана со пад. На секои 19 минути постар човек умира од пад.

Иако нема два слични падови и спречувањето на падовите е многу сложено, редовното вежбање ја намалува веројатноста за паѓање за 23 %. Затоа, кога немате волја за скокање, трчање или одење, изведете ги барем вежбите за баланс и добро истегнете се. Нема да вложите премногу труд, а ќе стоите цврсто на земја.