КОПРИВА (Urtica dioica)

КОПРИВА (Urtica dioica)

Копривата е лековито растение, богата е со хлорофил, има многу минерални материи и тоа калиум, магнезиум, калциум, силициум, железо, фосфор.
Од витамините застапени се витамин К, С, А, В2 и В5. Копривата е здрава храна и уште подобар лек. Од римско време, кога масовно се користела како лек, па до денес, се користи како зачин, како храна и како чај за многу заболувања. Најнапред да истакнеме дека копривата е еден од најдобрите лекови против слабокрвност, односно за лекување анемии.
Лековитоста доаѓа од присуството на железо, фолна киселина, витамин Ц и хлорофил. Копривата е многу добар лек за спречување на крварења, односно се користи како хемостатик.
Ефектот се должи на витаминот К, витаминот Ц и танините. Копривата делува на бубрезите, го стимулира мокрењето и е многу добар лек против зголемена простата. Се користи и против стомачни болки и за подобрување на функцијата на црниот дроб.
Гликокининот го намалува шеќерот во крвта, па копривата е убаво да ја користат и дијабетичарите.
Копривата ги намалува и мастите во крвта, а делува и како антисклеротик.
Чајот од коприва се употребува за прочистување на организмот. Локално лековите од коприва се користат против опаѓање на коса, против првут и за лекување на ревматски заболувања, артрит, артроза и ишијас. Преку подобрување на крвната слика копривата ја намалува главоболката која е последица на анемија.
Помага при ангина пекторис, која се јавува, исто така, како последица на анемијата.
Не само што го јакне организмот, го јакне и срцевиот мускул. Копривата е еликсир на животот. Чајот се приготвува така што 2 супени лажици се ставаат во половина литар врела вода и се остава да отстои до 2 часа.
Потоа чајот се процедува и се пие на два пати. Може да се подготви и со ладна вода кога две супени лажици од листот се ставаат во половина литар вода и треба да стојат 12 часа. Се пие двапати на ден. Коприва можат да користат и децата и возрасните.