Крамбл со круши и чоколадо

Крамбл со круши и чоколадо

Потребни состојки:

– 100гр црно чоколадо
– 150гр брашно
-100гр кафеав шеќер
– 150гр путер
– 4 круши
– сок од 1/2 лимон
– 1 лажичка цимет

Подготовка

Путерот оставете го на собна температура. Крушите излупетe ги, исечете ги на коцки, ставете ги во сад и ставете го врз нив сокот од лимон. Додадете малку шеќер и измешајте убаво.
Во друг сад измешајте го путерот со брашното, циметот, останатиот шеќер и мешајте убаво за да биде смесата како песок. Чоколадото исечкајте го на парчиња и додадете го во смесата, која ќе ја ставите одозгора на крушите. Садот ставете го во загреана рерна и печете околу 35 минути.