Потребни состојки:
· 1 туна конзерва
· 1 авокадо
· 1 морков
· 2стапчиња целер
· 1 средно голем кромид
· 2 кафени лажици сенф (дижон)
· 1 супена лажица сок од лимон
· ½ кафена лажица лук во прав
· сол и црн пипер
· 4 интегрални тортиљи
· 4 листови марула
· 5-6 шери домати
Подготовка:
Во длабок сад ставете ја туната и авокадото сечкано на коцки и гмечете ги додека да добиете хомогена смеса. Изрендајте го морковот, а целерот и кромидот ситно исечкајте ги и додадете ги во смесата. Додадете сок од лимон, лук во прав, сенф и зачинете со сол и црн пипер. Мешајте додека да се соединат состојките. Врз една тортиља, ставете лист марула, а врз него ставете 2 супени лажици од филот. Распоредете ја смесата на средина, а озгора ставете сечкани шери домати. Замотајте ја тортиљата и стоплете ја во рерна.