КРЦКАВО ТОФУ СО ОРИЗ

КРЦКАВО ТОФУ СО ОРИЗ

Потребни состојки:
200 г цврсто тофу сирење, исечкано на коцки
120 г кафен ориз
4 главици кинеска зелка

Маринада:
рендан ѓумбир (1 подебело тркалце)
3 чешниња лук, згмечени
1 супена лажица мед
3 супени лажици соја сос
1 супена лажица масло од сусам
1 супена лажица путер
1 кафена лажица чили во прав

Подготовка:
Соединете ги состојките за маринадата во длабок сад и ставете го тофуто. Варете го оризот на тивко околу 45 мин. Во меѓувреме, пропржете го тофу сирењето за да стане крцкаво, тргнете го настрана, а во тавата сипете ја маринадата заедно со 100 мл вода. Штом водата зоврие, додајте ја кинеската зелка и варете ја 2-3 минути за да омекне, па пак вратете го тофуто. Сварениот ориз распоредете го во чинија, а одозгора сипете од смесата во тавата.