Состојки:
· 1 главица кромид
· 1 чешне лук
· 2 поголеми компира
· 500 г брокола
· 2 зеленчукови коцки за супа
· 1 лажица сол
· 1/2 лажица црн пипер
· 1 литар вода
· 150 мл млеко
· 1 коцка путер
· малку маслиново масло, вегета и магдонос
Подготовка:
На маслиново масло пропржете ги ситно сечканите кромид и лук. Додадете го компирот сечкан на коцки и гответе на тивок оган повремено мешајќи. Штом компирот почне да се лепи за дното, истурете ја водата.
Кога водата ќе зоврие, додадете ги коцките за супа, зачинете со малку вегета и оставете ја чорбата да се вари околу десетина минути, додека да омекне компирот.
Додадете ја броколата раздвоена на цветови вклучувајќи ги и дршките, исчистени од надворешниот целулозен дел и исечкани на коцки. Зачинете со сол и црн пипер и варете додека да омекне броколата, околу десетина минути. Блендирајте ги сварените состојки, додадете ги млекото, коцката путер и посолете по потреба. Штом чорбата зоврие, тргнете ја од оган. Декорирајте со ситно сечкан магдонос.