Потребни состојки за шест лица:
800 г свински шницли исечени на помали парчиња,
600 гр шампињони,
2 главици кромид,
2 дл павлака,
1 дл бело вино,
30 г путер, сол и бибер.
Подготовка
Шампињоните исчистете ги и исечкајте на половина. Во тава загрејте го путерот и издинстајте го ситно сечканиот кромид.
Додадете го месото, посолете и забиберете. Прелијте со бело вино и варете околу 30 минути или подолго, ако е потребно.
Потоа, извадете го месото, додадете ги печурките, динстајте 5 минути, додадете ја павлаката и гответе уште 10 минути.
Месото поделете го во чинии и прелијте го со топлиот сос од печурките. Послужете додека е топло.