Состојки
– 1 кромид ситно сецкан
– малку путер
– 1 чешне лук
– 350 гр моркови сецкани на кругчиња
– 500 мл вода, или коцка за супа
– 500 мл млеко
– 50 гр леќа црвена
Подготовка
Во сад на оган ставете да се пропржи кромидот на путер, по некое време додадете го лукот. Ставете ги останатите состојки и оставете да се вари 20-тина минути. Зачинете по желба, сол, бибер, кари. На крај изблендирајте и сервирајте (топла или ладна) со лепче- по можност запечено.