Кременадли во сос од сенф

Кременадли во сос од сенф

Кременадли во сос од сенф

Состојки:

  • • 4 парчиња свински кременадли
  • • 50 г путер
  • • 1 лажичка сол
  • • 1 лажичка бибер
  • • 1 лажичка мешан сув зачин
  • • 2 лажици сенф
  • • 1 чаша црвено вино
  • • 180 г кисела павлака

Подготовка:

Парчињата месо ги посолуваме, им ставаме бибер и мешан сув зачин без сол. Ги пржиме на путер. Ги тргаме настрана и во истата тава ги ставаме виното, сенфот и киселата павлака. Промешуваме и оставаме кратко да проврие. Потоа, месото го враќаме во тавата, па, заедно со сосот, да проврие уште кратко време (околу 10 минути).

Забелешка:

Количеството зачини ставајте си го по вкус. Во сосот, наместо црвено, може да ставите и бело вино.