Кус кус салата

Кус кус салата
Во тенџере ставете 250 мл вода, додадете и 25 мл маслиново масло или путер и зачинете со 1 лажичка сол. Откако ќе зоврие водата, тргнете ја од рингла, истурете внатре 250 гр кус кус и мешајте со виљушка (внимавајте да не се направат грутки).
Исечкајте ситно 1 домат, ½ модар патлиџан, 1 кромид и 2 чешниња лукче.
Во тава ставете 1 лажица путер и 30 мл маслиново масло. Прво, додадете ги кромидот и лукот, откако ќе добијат стаклест изглед, додадете го останатиот зеленчук. Потоа, додадете кус кус и мешајте да се спои со зеленчукот. Постојано мешајте за да не ви се залепи или за да не се формираат грутки. 
Доколку сакате, јадењето можете да го збогатите со туна. Послужете со лимон.