Лазањи од модар патлиџан

Лазањи од модар патлиџан

Потребни состојки:

–  380 г мелено телешко месо
–  2 модри патлиџана
–  100 г рендан кашкавал
–  750 мл млеко
–  сос од домати
–  2 кромитчиња
– путер, брашно, маслиново масло, сол и бибер

Подготовка:
Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги на ленти. Во тава со загреано масло, пропржете ги малку да омекнат. Кромитчињата исечкајте ги, пропржете ги во друга тава и додадете го меленото месо. Кога месото ќе биде речиси готово, додадете го сосот од домати и зачинете. Ова нека се готви околу 30 минути. Од путерот, брашното и млекото направете бешамел сос. Во сад за печење, ставете еден ред модар патлиџан, одозгора од смесата со месо, па бешамел сос, и потоа уште еднаш повторете. На крај, одозгора ставете го ренданиот кашкавал. Нека се пече на 200 степени околу 20 минути.